X
 29.06.2017 Живот

Германскиот пасош отвора најмногу врати, а каде без визи можеме да патуваме со македонскиот?

Според рангирањето на индексот на пасоши, најдобри пасоши се германскиот и сингапурскиот, со кои може да се патува во повеќе од 159 земји. Со македонскиот пасош може да се патува во 108 земји.

пасош
Фото: N1info

За да се одреди вредноста на пасошот се земаат предвид низа параметри, но најважна е визата. Како што се наведува во извештајот, Македонија може да патува без виза во 108 земји, а од останатите земји во регионот Србија е со 112, Хрватите можат без виза да патуваат во 144 земји, Словенците во 150, Црногорците во 105, а жителите на Босна и Херцеговина во 101 земја.

На листата се наоѓа и Косово, чии граѓани можат без визи да патуваат во 41 земја.
Интересно е што трката за најдобри пасоши се води меѓу Германија и Сингапур. На почетокот на годината со сингапурскиот пасош можеше да се патува во 157 земји според оваа листа, а со германскиот во 158. Сега и двете земји се изедначени.

Пасошот на САД на почетокот на годината беше на врвот, а сега не е ниту во првите 10. Зад Германија и Сингапур се Шведска, Јужна Кореја, Данска, Финска, Италија, Франција, Шпанија и Норвешка. Русите можат без виза да патуваат во 107 земји, а граѓаните на Кина во 58.

На дното на листата со години се наоѓа Авганистан чии државјани без виза можат да патуваат во само 22 земји, а меѓу последните пет се и Пакистан, Ирак, Сирија и Сомалија.

За Македонија  ТУКА може да проверете во кои држави може да патувате со виза а во кои без виза
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот