X
 18.12.2017 Образование

Според професорите на „Харвард“, овие книги треба да ги прочитате во 2018 година

citanje
Фото: Getty Images

Професорите на „Харвард“ постојано читаат и им даваат книги на своите студенти, така што со сигурност знаат што е добра книга. Земајќи го тоа предвид, „Бизнис инсајдер“ ги праша професорите која книга би им ја препорачале на студентите за 2018 година.

Меѓу професорите се нобелови лауреати, научници, економисти и добитници на Пулицеровата награда. Книгите што ги избраа тие се различни, како и нивните професионални искуства.

„Ана Каренина“, Лев Толстој

1
Фото: Amazon


„Повторно ја читам оваа книга. Не постои друг роман за тоа како жените (и не мислам само на Ана), кои се елитни, интелигентни и едуцирани, се игнорирани, угнетувани и имаат малку права. Жените се грижливи, сочувствителни и тие го го одржуваат општеството да остане заедно и да обезбеди спас дури и тогаш кога на свештениците им се припишува таа заслуга.

Романот на Толстој денес е исто важен колку што бил во минатото. „Ана Каренина“ е најдобриот роман некогаш напишан и вреди уште едно детално читање од наша страна“, вели Клаудија Голдин, економски историчар.

„Интернационалците“, Дона Хатавеј и Скот Шапиро

3
Фото: Amazon


„Книгата објаснува феномен за кој веројатно не знаевте дека постои - падот на меѓународната војна и освојувањето - со историски настан што веројатно мислите дека е смешен: Бријан-Келогов пакт или Парискиот мировен договор од 1928 година, во кој било објавено дека војната е нелегална.

Нивната книга е богата со докази и претставува огромна визија за меѓународната сцена, давајќи им смисла на многу настани во вестите и во неодамнешната историја“ - вели Стивен Пинкер, професор по психологија на школата „Џонстон“ при Универзитетот „Харвард“.

„Теорија на моралните чувства“, Адам Смит

3
Фото: Amazon


„Секој студент по економија ја знае ’Богатството на нациите‘, но оваа претходна книга дава многу побогат и посуптилен поглед на човечката природа од нејзиниот побогат наследник“, вели Ерик Маскин, економист и добитник на Нобеловата награда во 2007 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование