X
 22.09.2017 Наука

Кој им ги дава имињата на ураганите?

Имињата на ураганите не се избираат случајно. Именувањето почнало во 1953 година на иницијатива на Светската метеоролошка станица заради полесна комуникација меѓу стручните лица.

Ураганите се именуваат заради поедноставување и полесна комуникација помеѓу надлежните служби, особено кога постојат повеќе активни урагани истовремено. Имињата се доделуваат според однапред утврдена листа – наизменично машки и женски, а се одредуваат според почетните букви од абецедата. Доколку се исцрпат сите имиња од листата за одредена година, се користат имиња со букви од грчката алфабета.

Постојат шест листи со имиња за урагани по абецеден редослед кои циклично се повторуваат.

Од листата се исфрлаат имињата на оние урагани што направиле огромна штета заради оддавање почит кон жртвите.

Меѓутоа, интересен податок е тоа што ураганите првенствено имале само женски имиња.

Именувањето на бурите и циклоните потекнува од 19 век. Во педесеттите години е установена листа која содржела само женски имиња. Кон крајот на седумдесеттите, под влијание на родова рамноправност, во листата се вклучени и машки и женски имиња.

Практиката на давање женски имиња на ураганите ја вовеле американските војници во Втората светска војна на Пацификот, каде што настануваат најголем број урагани. Ним им недостигале девојките, па по нив ги именувале тропските бури. Не знаеме кога и каде ќе се појават следните урагани, но со сигурност е познато дека ќе се викаат „Нејт“ и „Офелија“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука