X
 24.07.2018 Живот

Британците осми пат организираат акција за броење пеперутки

Британија и оваа година организира акција за пребројување пеперутки, која ќе трае до 20 август.

Тие ги повикаат сите што имаат желба да одвојат 15 минути во денот и заедно да пребројуваат разни видови пеперутки.

На веб-страницата на организаторите е понудена шема за полесно да се категоризираат пеперутките, а тоа може да се направи и на бесплатната онлајн-апликација.

Оваа акција за зачувување на пеперутките почна во 2010 година од „Батерфлај консервејшн“ и е најголем проект од ваков тип во светски рамки.

Лани биле пријавени 60.000 волонтери. За оваа година точната бројка сѐ уште не е објавена.
Намалениот број на пеперутките претставува предупредување за изумирање и на другите инсекти.
Подготвил: Т.Ц.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот