X
 25.06.2023 Живот

Секогаш се разболувате на одмор? Не сте баксуз, овој синдром погодува 81 отсто од луѓето

Колку пати во текот на кариерата сте си рекле: Колку сум баксуз! Но, овој пат не зборуваме за деловни неуспеси или пропуштени можности, туку предизвик кој ги мачи дури 81 отсто од Германците, ако им се верува на податоците од истражувањето.

Имено, спoред неодамнешното истражување на компаниите „Хансмеркур“ и „Апинио“, горенаведената бројка, изразена во проценти, е уделот на германските граѓани кои се погодени од некои од болестите за време на патувањата.

Заштедивте пари за одмор, направивте распоред на работа, организиравте превоз и сместување, па мислејќи дека конечно ќе можете да се опуштите,  се соочувате со нов стрес.

Во изминатиот период речиси половина од испитаниците се разболеле додека биле на одмор во Европа, а 23,8 отсто на подалечни дестинации. Можеби не сте знаеле, но постои и дефиниран феномен на разболување на одмор, познат како „болен во слободно време“ (англ. Leisure sickness).

Но, постои логично, физиолошко објаснување за овој феномен. Додека работите, нивото на адреналин често е високо во стресните фази, што ве принудува да го дадете максимумот од себе и да ги маскирате првите можни знаци на болеста.

Ако нивото на адреналин опадне на почетокот на одморот, полесно се размножуваат патогените бидејќи телото е „окупирано“ со процесот на премин од стрес во закрепнување и симптомите тогаш  првпат се забележуваат. Истото важи и за викендот.

Според анкетата, секој петти човек во Германија се разболува на крајот од работната недела.

Спроведената анкета ги анализирала и видовите болести, а вака стојат работите во проценти:

- Настинката погодува 51,3 отсто од вработените;
- Гастроинтестинални проблеми погодуваат 46,2 отсто од вработените;
- Кожни проблеми имаат 37,1 отсто од вработените;
- Сончаница имаат 33,9 отсто од вработените;
- Истегнување и повреди за време на тренирањето погодуваат 24,2 отсто од вработените.

Психологот Франка Керути открива дека патувањето е од суштинско значење за нашата благосостојба.

- Комбинацијата на забавување на темпото, новите искуства и повеќе време за саморефлексија доведува до намалување на кортизолот, хормонот на стрес - вели таа.

Извор: Biznis.telagraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот