X
 27.12.2018 Живот

Како да оставите добар впечаток на интервју за работа

Сите ја знаеме поговорката - никогаш не добиваш втора шанса за да оставиш добар впечаток. Ова важи кога првпат среќаваш некого, особено кога станува збор за интервју за работа. Ви нудиме пет совети за тоа како да оставите добар прв впечаток.

Соодветна облека

Можеби ваша секојдневна облека се тренирки и обична маица, меѓутоа, во такво издание не смеете да се појавите пред вашиот потенцијален работодавец. Кога се среќавате со него на интервју, облечете се соодветно. Мажите би требало да носат костум и вратоврска, додека жените треба да носат соодветна блуза, здолниште или панталони.

Ракување

Кога првпат ќе го сретнете шефот/менаџерот, ракувајте се кога ќе се поздравите. Но, што ако тој не ја понуди раката? Протоколот е да ја пуштите вашата, како знак за добра волја.

Избегнување непотребни зборови

Вашиот потенцијален шеф ве прашал едно од оние прашања што ги збунуваат и најсигурните кандидати. Но, немојте да ја покажете нервозата и обидете се да ги избегнете зборовите „значи“, или „ммм“, кои воопшто не изгледаат професионално. Можете да „купите“ време велејќи „тоа е одлично прашање“, и набрзина да се обидете да составите одговор.

Држење на телото


Замислете како влегувате во канцеларијата на потенцијалниот работодавец - внимавајте на вашето движење на телото. Во никој случај не смеете да бидете свиткани. Исправете го вашето тело и заземете став. Кога седнувате, внимавајте како го правите тоа бидејќи лежерното седење може да даде знак дека воопшто не сте заинтересирани за интервјуто.

 

Заблагодарување

Сте завршиле со интервјуто, сте го одговориле секое прашање најдобро што можете. Заблагодарете се за вашето интервју и за тоа што луѓето издвоиле време за да се сретнат со вас. Посакајте им добар ден, и излезете.

Одењето на интервју знае да биде стресно искуство, меѓутоа, доколку ги истренирате вашите вештини, секогаш ќе бидете задоволни од себеси.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот