X
 28.02.2023 Политика

Што се знае за ќерката на Ким Џонг-ун?

Ќерката на Ким Џонг-ун, лидерот на Северна Кореја, неодамна беше во центарот на вниманието во севернокорејските медиуми откако се појави во јавноста.

Таа првпат се појавила во јавноста во ноември, кога го придружувала својот татко на посета на место за тестирање меѓуконтинентални балистички ракети. Повторно била забележана на настани неколку месеци подоцна. Властите објавиле и дека фотографија од ќерката ќе ги краси поштенските марки во земјата.


Фото: KCNA Watch

Дебитирањето на ќерката на Ким Џонг-ун е необично за оваа земја бидејќи сегашниот лидер првпат се појавил во јавноста на 26-годишна возраст, една година пред смртта на неговиот татко, Ким Џонг-ул. Затоа, појавувањето на ќерката на сегашниот лидер отвора многу прашања. Истовремено, малку се знае за неа.

Нејзиното име

Вистинското име на ќерката на Ким Џонг-ун не било откриено од страна на официјални извори. Меѓутоа, според медиумски известувања, локални власти во Северна Кореја им забраниле на жителите да ги крстат своите женски деца Џу Ае, а оние што веќе се викаат така треба да го сменат своето име. Поради тоа, се шпекулира дека токму тоа е името на ќерката на лидерот.


Фото: KCNA Watch

Која е нејзината возраст?

Се верува дека таа била родена во јануари 2013, што значи дека има 11 години. Се смета дека таа е второ дете на лидерот. Ким Џонг-ун и неговата сопруга Ри Сол-џу имале едно дете во 2010, а трето во 2017 година. Не се знае полот на другите деца.

Дали таа може да го наследи нејзиниот татко?

Експертите шпекулираат за можноста ќерката да го наследи Ким Џонг-ун. Нејзиното појавување во јавноста може да значи дека лидерот го одбрал својот наследник, сметаат познавачите на Северна Кореја. Меѓутоа, некои експерти сметаат дека е прерано да се донесуваат заклучоци. Претходно имало шпекулации и дека помладата сестра на Ким Џонг-ун, Ким Јо-џонг, би можела да биде кандидат за позицијата.

Извор: Insider 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика