За да стигнат до училиштето, децата доаѓаат со возила до дното на кањонот, со брзи лифтови се искачуваат на карпата за само една минута, а потоа се качуваат на жичница која ги превезува по остатокот од патот.
Селото Нижухе се наоѓа на дното на големиот кањон на реката Нижу во југозападната кинеска провинција Јунан. Првото основно училиште – Гуанжаи се наоѓа на врвот на планината. Поточно, се издига на височина од 1.650 метри. За да стигнат до училиштето, децата требало да пешачат и до шест часа дневно.
Патот бил долг, напорен и многу опасен. Децата морале да се искачуваат преку стрмни и тесни планински патеки – по три часа во секоја насока. Токму затоа, добар дел останувале во училиштето во текот на работната недела, а се враќале дома за време на викендот.
Првиот стаклен лифт, висок 268 метри, и придружната жичница беа отворени за јавноста во 2022 година за да им овозможат на локалните жители полесно движење. Ова лето беше отворен и панорамски лифт од 288 метри, со што се зголеми капацитетот на превозот.
За да стигнат до училиштето, децата доаѓаат со возила до дното на кањонот, со брзи лифтови се искачуваат на карпата за само една минута, а потоа се качуваат на жичница која ги превезува по остатокот од патот. Сега за да стигнат до училиштето им треба само околу половина час, а возењето е целосно бесплатно за локалното население.
Овој транспортен систем не е изграден само за локалните деца, туку стана и неопходен дел за привлекување туристи во овој дел од земјата. Кинезите доаѓаат тука за да уживаат во адреналински патеки, банџи-џампинг и слични активности.
Фото: принтскрин/јутјуб