X
 02.02.2022 Живот

Младите од Македонија, Србија и од Албанија не сакаат онлајн настава

Во земјава 27% од учениците и студентите вклучени во онлајн истражувањето се за онлајн модел, 41% сакаа да се вратат во клупа, додека 32 се за комбиниран модел на настава - онлајн и физички

Најголем број од младите во земјите од иницијативата „Отворен Балкан“, или над 70%, не сакаат да продолжат со онлајн настава и сметаат дека ниту тие ниту професорите не вложуваат доволно напори за квалитетна настава преку интернет, што резултира во ниско до средно ниво на стекнато знаење и несоодветна едукација. Ова го покажува онлајн истражувањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) спроведено помеѓу ученици и студенти од Македонија, Србија и од Албанија во текот на јануари оваа година.

Впечатлив и заеднички став на младите од трите земји е податокот дека помалку од една третина од нив се за продолжување на онлајн наставата, додека преостанатите се залагаат за настава со физичко присуство или за комбиниран хибриден модел. Притоа само 14,6 % од младите во Албанија сакаат да учат онлајн, додека 44% се за физичка настава, а 41,4% се изјасниле за комбиниран модел. Во Македонија 27% од учениците и студентите вклучени во онлајн истражувањето се за онлајн модел, 41% сакаа да се вратат во клупа, додека 32 се за комбинирана модел на настава - онлајн и физички. 21% од младите Срби повеќе сакаат да учат онлајн, 37% се за настава во училиштата, додека 42% посакуваат да имаат можност и за онлајн и за физичка настава.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот