X
 02.08.2023 Живот

Рим може да го ограничи пристапот до фонтаната „Треви“

Ова лето може да донесе промени за туристите во Рим поради инциденти на познати локации во градот.

Последниот инцидент кој ги налути локалните жители вклучува турист кој се скокнал во водата на фонтаната „Треви“ од една од статуите. Ова се случило ноќта на 27 јули. Публиката која го гледала туристот го снимала и аплаудирала.

Туристот бил казнет од полицијата, но некои политичари сметаат дека тоа не е доволно за да се спречи несоодветното однесување на туристите.

- Казните од полицијата и многубројните апели за здрав разум веќе не се доволни. Туристите не можат да прават што сакаат, потребна е почит и навистина мораме да ги зачуваме најскапоцените места во светот - порачал Алесандро Онорато, градски советник.

Онорато побарал од италијанското Министерство за култура да се ограничи пристапот до познатата фонтана за да се намалат инцидентите во иднина. Останува да се види дали Министерството ќе го прифати предлогот.

Во моментов туристите може да бидат казнети и со затвор доколку се фатени како го оштетуваат Колосеумот.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот