X
 18.05.2017 Култура

Места во кои туристите не се добредојдени

Како турист нормално е да очекувате топло добредојде од домаќините. Но, постојат познати туристички места каде што ова не е пракса. Прочитајте за кои станува збор.

амстердам


Кох Каи острови, Таиланд

Во најголем дел од местата Тајланд е туристичко-пријателски настроен, но постојат места каде има загриженост поради животната средина. Островите Кох Каи Нок, Кох Каи Нуи и Кох Каи Наи познати по шарените корали се едни од нив. Нивната посета е строго забранета од мај 2016.

Бутан

Туризмот во Бутан зема замав во 1970тите, но од тогаш постои одлука да се регулира заштитата на недопрената природа и уникатната култура. Бројот на туристите е ограничен и повеќето посетители мора да платат неверојатни 190 фунти дневно за визи и такси за привилегијата да ја видат Бутан.,

Барселона, Шпанија

Кога Ада Колау стана градоначник во 2015 година, даде изјава дека не сака Барселона да се претвори во евтина продавница за сувенири. Од тогаш се замрзнати сите лиценци за нови хотели и апартмани за изнајмување. Исто така предложена е и нова туристичка такса и ограничување на бројот на посетители.

Амстердам, Холандија

Франс ван дер Аверт, извршниот директор за маркетинг на Амстердам изјавил дека веќе нема да потроши ниту евро за рекламирање на градот затоа што сѐ повеќе градови се уништувани од туристи. Целта е да се подобри квалитетот на посетителите, туристи кои се заинтересирани за градот, а не за забавата. „Многу посетители немаат почит за ликот на градот“, вели тој.

Санторини, Грција

Во 2016 година најпрометното пристаниште во Грција објави дека бројот на посетители по брод мора да биде ограничен. Популарниот остров Санторини до сега беше пренатрупан со повеќе од 10.000 дневно, а овој број сега е ограничен на 8.000 и тоа ограничување треба да стапи на сила ова лето.

Чинкуе Тере, Италија

Ова прекрасно крајбрежје кое е под заштита на Унеско најави планови за воведување на систем со билети поради огромниот број туристи од февруари 2016 година. Откако бројот на посетители дојде до 1,5 милиони, туристите постанаа вистински проблем. Минатото лето оваа бројка достигна 2,5 милиони туристи.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура