Компанијата „Мета“ соопшти дека од 16 декември ќе воведе систем кој користи разговори на корисниците со „Мета АИ“ асистентот за да прикажува персонализирани реклами и препораки за содржини на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.
Промената прво ќе биде достапна за корисниците во Велика Британија и Европската Унија, а известувањата за новиот начин на прикажување реклами ќе почнат да пристигнуваат од 7 октомври. Компанијата истакнува дека податоците се собираат исклучиво од интеракции со „Мета АИ“ и корисниците нема да можат да ја исклучат оваа опција, иако нема да влијае врз оние што не го користат асистентот.
Разговорите за купување, патувања или други интереси сега директно ќе влијаат врз содржината што корисниците ја гледаат, вклучувајќи и предложени „Рилс“ видеа. Дури и гласовните интеракции преку паметни очила „рејбан“ кои користат „Мета АИ“ ќе влијаат врз тоа кои реклами и препораки ќе бидат прикажани.
Овој потег покажува дека „Мета“ сака да ги поврзе своите големи инвестиции во генеративната вештачка интелигенција со основниот бизнис - огласувањето. Експертите оценуваат дека новата практика ќе овозможи прецизно таргетирање на публиката, но предупредуваат на дополнителни ризици за приватноста на корисниците, особено во Европа каде што правилата за заштита на податоци се строги.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik