X
 30.05.2016 Технологија

Технолошки училишта од Силиконската долина бараат студенти без никакви квалификации

18 годишната Габриела Онг беше примена во пет локални странски универзитети, меѓутоа таа избра да работи во технолошката индустрија.

 

курсеви


Со нула познавање во полето на програмирањето, Габриела започнала да го посетува интензивниот курс за веб развивање на „General Assembly“ Сингапур во февруари.

Со завршувањето на курсот, таа сега разгледува две понуди за помлад девелопер за технолошки компании.

Ваков вид на школи од технолошките области понудени од Силиконската долина им ги отвораат очите на студентите како Габриела. За запишување во школите не се потребни квалификации - само способност и посветеност. Овие училишта, кои нудат курсеви со полно работно време во траење од 7 до 12 недели, се надеваат дека ќе ги привлечат сите студенти кои сакаат да влезат во технолошката индустрија.

Првото училиште од ваков вид е „General Assembly“, њујоршка компанија која се прошири во Сингапур минатата година. После него следуваа „Next Academy“ од Малезија, „Alpha Cаmp“ во Тајван и Хонг Конг и „Make School“, од Сан Франциско.

Она по кое овие програми се разликуваат од традиционалните универзитетски компјутерски курсеви е нивниот модел на забрзано учење кое усвојува практичен пристап. Така на пример во „Alpha Camp“, од учениците се очекува да соработуваат и да создадат производ до крајот на курсот. Исто така, постојат менторства, настани за вмрежување и кариерни совети. Партиципацијата е од 7.000 до 12.000 долари.

Бернард Чан, основач на вакво училиште во Хонг Конг, вели дека извонредниот пристап на учениците им дава можност за одличен почеток. „Курсевите не нудат само стекнување на вештини, туку тие учат и да размислуваат различно и да го сфатат менталитетот и културата на индустријата“, вели тој.

Но, противниците на ваквите училишта фрлаат сомнеж врз квалитетот на образованието и тврдат дека учениците треба да бидат казнети ако стандардите на курсевите се покажат како несоодветни.

Г-дин Куек од „Make school“ во Сингапур вели дека самиот курс има „визија“ да ги прифати учениците кои се 18 години или помлади, а возраста на учениците обично се движи од 13 до 25 години. Сепак, училиштето моментално таргетира возрасни во Сингапур, а неговата седум неделна програма со полно работно време за 30 ученици ќе започне следниот месец. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија