X
 03.06.2020 Здравје

Британски „Тајмс“ истражува: Дали БСЖ вакцината е тајната на успехот против Ковид-19 на Балканот?

Еден дел од Европа подобро ги познава сите опасности што вирусите ги носат од останатиот дел од континентот. Во текот на нејзиното кратко постоење, Југославија се соочи со епидемија на туберкулоза и мали сипаници, во текот на војните во 90-тите години.

Така што, кога Ковид-19 пристигна на Западниот Балкан кон крајот на февруари, регионот се подготви за најлошото.

Сепак, државите од поранешна Југославија, со вкупно население од 22 милиони, имаат 21.145 потврдени случаи на Ковид-19 и 775 смртни случаи, и покрај блискоста на регионот со Италија и кревките здравствени системи.

Научниците веруваат дека причината може да лежи во оние минати пандемии, особено како овие држави се справиле со нив: дологорочната, универзална, и во некои земји задолжителна имунизација.

Со години научниците се прашуваат зошто вакцината бацил Калмет–Герина (БСЖ), евтина имунизација против туберкулоза која сега е стара речиси еден век, се чини дека ги зацврстува имунитетите на примателите против други заразни болести. Со пандемијата на коронавирусот, нивната работа доби нов стимул од искуствата на местата како поранешна Југославија.

- Ова е нешто што и претходно го видовме: луѓето кои примиле БСЖ вакцина исуксуваат полесна клиничка слика на Ковид-19 - вели Предраг Кон, епидемиолог од Србија.

- Ова се само впечатоци и сè уште не постојат доволни докази за да се знае сигурно. Но се чини дека земјите со универзална БСЖ имунизација имаат подобро искуство со Ковид-19 - додава тој.

1
Фото: Unsplash

Велика Британија и поголемиот дел од Западна Европа ја укинале универзалната вакцинација за БСЖ во 2000-тите, додека во Италија или САД никогаш не била дадена универзално. Во Африка, Источна Европа, Азија и Јужна Америка, сè уште рутински управувана.

Југославија и државите што станале независни по нејзиното распаѓање се меѓу најентузијастичките земји за имунизација. Туберкулозата беснеела низ Југославија кон крајот на Втората светска војна, а 15 отсто од населението се заразувало секоа година. Во 1946 година, југословенската влада почнала со тестирање на сите војничи регрути и лица помлади од 25 години и ги имунизирала сите кои се покажале како ранливи. Во 1949 година БСЖ вакцината стана задолжителна за сите лица под 25 години и оттогаш се спроведува универзално.

Од 1950-тите, истражувачите знаат дека БСЖ го подобрува генералниот имунитет, иако неодамна почнаа да сфаќаат зошто.

- БСЖ го реорганизира епигеномот за да дозволи одредени делови од имунолошкиот систем да бидат или да не бидат изразени. А тоа овозможува подобрен имунитет. Именувајте инфекција и веројатно постои доказ дека БСЖ го подобрува одговорот на организмот - вели Ендру Динардо, кој е дел од истражувачкиот тим на колеџот за медицина Бејлор во Тексас кој ги разгледува пошироките ефекти на БСЖ.

Светската здравствена организација предупредува дека досега нема цврсти докази што докажуваат дека вакцината БСЖ штити од Ковид-19, а истражувачите веруваат дека може да штити и од други болести освен туберкулозата, но само краток период, а не цел живот. И другите вакцини исто така може да играат улога во зајакнувањето на имунитетот, а државите од Балканскиот полуостров неодамна имаа неколку рунди на програми за инокулација, вклучувајќи вакцини против беснило, што универзално се применуваат еднаш годишно од 2016 година. Движењето против вакцинацијата што во Британија и САД беше застапено уште од 90-тите, на Балканот се прошири во последните неколку години.

Контролирани испитувања за делотворноста на БСЖ вакцината врз коронавирусот веќе се спроведуваат во Холандија и Австралија, каде Бил Гејтс донира 10 милиони долари за истражувањето преку неговата фондација.

- Веќе регрутиравме волонтери за нашите две испитувања: 1.500 луѓе од болничкиот персонал и 2.000 постари лица. Ќе ги следиме и очекуваме податоци во наредните три до шест месеци - вели Михаи Нетеа, шеф на истражувачкиот тим од Универзитетот Радбоуд во Холандија

- Голема е веројатноста БСЖ само да доведе до помалку сериозни симптоми, а може да даде и делумна заштита од пренесување на вирусот - вели д-р Михаи.

И социјалистичкото наследство му помогнаа на Западниот Балкан да ја ублажи кризата во здравствениот сектор, предизвикана од епидемијата. Иако одделните тела за јавно здравство не координираат, тие споделуваат државни култури и политички атрибути што ги обликувале нивните одговори; главно централизирани здравствени системи и влади што не им пречеше да ги ограничат граѓанските слободи заради општо добро.

Србија, Босна и Македонија наметнаа ноќен полициски час низ цела земја и целосен полициски час за лицата над 65 години.

2
Фото: Pixabay

- Сметавме дека луѓето на почетокот ја немаа потребата дисциплина за социјално дистанцирање, па воведовме вонредна состојба на 15 март - изјави српскиот епидемиолог д-р Кон. Оние над 65 години не смееја да излегуваат надвор, а имаше и целосен карантин за Велигден.

- Овие мерки не беа добро примени, но успеавме. И откривме дека сега, кога повеќе нема вонредна состојба, оние лица над 65 години и понатаму ги почитуваат нашите препораки - додава тој.

Црна Гора ја заклучи провинцијата Тузи, која беше жариште на пандемијата. Косово и Хрватска ги затворија несуштинските бизниси и престана патувањето меѓу провинциите, а Словенија отиде чекор понатаму со тоа што маските и нараквиците ги направи задолжителни на сите затворени јавни места, една од првите европски земји што го направи тоа.

- Видовме дека стапката на трансмисија се спушти под еден - вели Бојана Беовиќ, државниот епидемиолог на Словенија.

- Нашите болници се стари и имаме малку единици на интензивна нега и лекари, но имаме единствен јавно-здравствен систем кој главно е во државна сопственост, поради што беше лесна организацијата. Исто така, многу се потпиравме на теренската епидемиолошка работа, обидувајќи се контактите на заразените да ги ставиме во карантин - додава таа.

Споредбените бројки на регионот покажуваат корелација помеѓу брзината на заклучување на земјите и нивната ефикасност. Сите земји од Западен Балкан ги затворија училиштата и бизнисите и имаа различни нивоа на полициски час, воведен во неколку дена оддалеченост, во средината на март. Во Косово и Црна Гора беа воведени мерки дури и пред да се потврди првиот позитивен случај, а овие две земји имаат и најмал број на позитивни случаи и смртни случаи по глава на жител. За разлика од нив, Македонија, која го потврди својот прв случај 20 дена пред да се објави вонредна состојба, има највисока стапка на смртност, пишува „Тајмс“.

Ригорозноста на мерките во Словенија се исплати. Земјата граничи со Италија и повеќе од една петтина од нејзиното население е над 65 години. Вирусот прво удри два старски домови. Но, Словенија на 14 мај, шест недели откако воведе строги правила за носење заштитни маски и патувања во земјата, стана прва држава во Европа што прогласи крај на епидемијата и до денес забележа само 1.473 заразени и 108 смртни случаи.

Балканските земји сега се далеку пред Западна Европа на патот кон враќање на нормалата. Повеќето бизниси работат, а ограничувањата и вонредните состојби се укинуваат. Под притисок од граѓаните, од кои многумина имаат семејни врски на Балканот, владите ги отвораат границите. Хрватска, чиј туризам сочинува четвртина од нејзинот БДП, веќе е отворена за странски туристи.

Но, епидемиолозите ги загрижува вториот бран што веројатно ќе се појави на есен. Тестирањата на антитела во Словенија укажува на тоа дека само 3 отсто од населението го имал вирусот и стекнал имунитет, а БСЖ вакцината не е магично стапче дури и ако се покаже дека е ефикасна.

- Веруваме дека тоа главно ќе биде „мост“ до развој на специфична вакцина: би можеле да бидеме заштитени две до три години, додека се развие и произведе нова специфична вакцина за целото население - вели професорот Метеа.

Извор: The Times UK
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје