X
 03.12.2025 Живот

„Инстаграм“ тестира ограничување од три хаштази по објава

„Инстаграм“ наскоро ќе воведе ограничување од максимум три хаштази по објава. Иако сè уште официјално не објавиле ништо, сè поголем број корисници почнале да забележуваат известување со кое се предупредени за новото ограничување.

Без официјално соопштение од „Инстаграм“, засега не е познато дали ограничувањето ќе важи само за одреден тип корисници или ќе биде трајно и ќе важи за сите. Исто така, не е познато зошто го воведуваат. Се претпоставува дека сакаат да го намалат спамот во описите на објавите и злоупотребата на хаштазите.

Во секој случај, ако ова ограничување навистина стапи во сила, тоа би можело да го означи крајот на времето кога хаштазите на „Инстаграм“ се користеа за откривање интересни профили без фокусирање на „Рилс“, односно кратки видеосодржини.

Повеќе информации ќе бидат познати во наредните недели.

Извор: bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот