X
 04.03.2025 Живот

Рај за одмор на душата - остров кој нема ни куќи ни патишта

Прекрасниот „пуст остров“ во Европа нема куќи и патишта, а неговите затскриени плажи се меѓу најтивките во Алгарве, Португалија. Оддалечениот воден појас што го дели од копното дозволува природните живеалишта да цветаат, што го прави островот Барета рај за љубителите на природата.

Познат и како Пустински Остров (Ilha Deserta), единствени постојани жители се фламингото и птиците рибарки, кои слободно шетаат во заштитениот природен резерват на природниот парк Риа Формоза.

Идеално место за туристи што сакаат мир

Најголемата и единствена зграда на островот е ресторан кој се наоѓа на крајот од шеталиштето, каде што се служи свежа риба директно од морето. Ресторанот „Естамин“, кој користи кујна на соларна енергија, подготвува јадења со нивните традиционални вкусови, ароми и текстури, користејќи ги ресурсите обезбедени од морето и природниот парк Риа Формоза.

По оброкот на пустиот остров, туристите можат да уживаат во истражување на повеќе од 7 километри мирно крајбрежје и да изберат дали да одат на набљудување птици или да изнајмат чадор за плажа од локални рибари. Шеталиштето Санта Марија е идеално за прошетка низ посебната флора и птици на ова место, како што се птиците песнопојки или скриените камелеони.


Водата е толку чиста што може да се видат и морски коњчиња додека нуркате на северната страна на островот. Има траект кој секојдневно сообраќа до островот, а патувањето трае околу 35 минути. За ова возење може да се изнајмат и чамци.

Извор: net.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот