X
 05.12.2022 Живот

Тројцата кинески астронаути успешно се вратија на Земјата

Тројцата кинески астронаути денеска успешно се вратија на Земјата по шестмесечна мисија на вселенската станица „Тијангонг“, соопшти Кинеската вселенска агенција.

Екипажот, кој од почетокот на јуни беше на кинеската вселенска станица, се приземји во базата Донгфенг во Внатрешна Монголија, во Северна Кина во 20:09 часот по пекиншко време, информира вселенската агенција.

Според медицинскиот персонал, тројцата астронаути, меѓу кои е и една жена, се чувствуваат добро. Тројцата астронаути од мисијата Шензоу-14, командантот Чен Донг, првата кинеска астронаутка Лиу Јанг и Каи Ксуже, биле задолжени за надзор на последната фаза од вселенската станица што треба да биде круната на амбициозната кинеска вселенска програма.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот