X
 11.11.2016 Живот

Прва смрт во Вселената: Умреле за 40 секунди

Тројца врни пилоти полетале спрема своето одредиште на Земјата, но не го преживеаа последниот лет.

Беа првите луѓе во Вселенската станица и останаа како првите луѓе кои умреле во вселената. Советските космонаути Георѓи Добровољски, Владислав Волков и Виктор Пацајев тргнаа на своето далечно патување во Вселената во почетокот на јуни 1971 година, а истиот ден тие успешно стапнаа на првиот човечки вселенски простор, Салут 1.


Вселена


Тие поминале 22 дена во Вселената и со тоа поставија рекорд за најдолгото човечко живеење во Вселената. На пат кон дома тргнале на 30 јуни и нивната капсула успешно слетала во Казахстан. Кога Советските техничари ја отвориле вратата на капсулата најдоа мртовци. Телото на Добровољски уште не било изладено, а сите тројца имале модринки на лицето и траги од крв околу носот и ушите.

Што се случило? Како тројца врвни пилоти слетале мртви?

Вселенска трка

Во доцните 60-те и почетокот на 70-те години од минатиот век, додека во САД беа испратени првите луѓе на Месечината, Советскиот Сојуз се фокусираше многу поблиску до целта.





Тие се свртија кон изградба на Вселенски станици во Земјината орбита кои би биле отскочна даска за долгорочен престој на луѓе во Вселената. Владимир Челомеј ја предводел советската вселенска индустрија и тој ја поставил визијата за вселенски станици, воени станици, во близина на Земјината орбита. Сепак, неговиот сон наскоро ја надминала дури и неговата амбициозна визија. Вселенските станици набрзо станале место каде што се вршеле бројни експерименти за цивилна употреба, а воената употреба остана во втор план.

Цивилна вселенска станица

Салут 1, првата цивилна вселенска станица, даде мало навестување како ќе се одвива нејзиниот престој во Вселената. Лансирањето било планирано за 12-ти април 1971 година, како би се совпаднало со десетгодишнината од летот на Јуриј Гагарин, но поради технички проблеми Салут 1 ја напушти земјата, една недела подоцна.

Откако Добровољски, Волков и Пацајев поминале 22 дена во Вселената и со тоа поставија рекорд за најдолг човечки престој надвор од атмосферата на Земјата, екипажот тргнал на пат кон дома и на прв поглед изгледало дека се се одвива во најдобар ред.

Дали луѓето можат да живеат во Вселената?


Меѓутоа откако биле пронајдени мртви, астронаутите од целиот свет беа загрижени. Една од теориите беше дека луѓето едноставно не можат да живеат во Вселената за толку долго време и дека количината на зрачењето е смртоносно. И американскиот претседател Ричард Никсон се приклучил во жалоста за исклучителните советски космонаути. „Американскиот народ се придружува на изразување на сочувство на советскиот народ поради трагичната смрт на советските космонаути", напишал Никсон.

Истрагата открила дека еден вентил бил случајно отворен и дошло до моментална декомпресија во просторот. Бидејќи во тоа време немало заштитна облека, за само неколку секунди вакуумот ги убил сите тројца космонаути. Црната кутија забележала дека биле потребни само 40 секунди до настапување на смртта на астронаутите.


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот