X
 06.07.2022 Живот

Зошто сите луѓе се слаби на старите фотографии од плажите?

Речиси секое лето на социјалните мрежи се појавуваат стари фотографии од плажи од 70-тите и 80-тите години.

На тие среќни летни сцени многумина го забележуваат истото: сите луѓе се многу вити. Дали е можно сите да биле слаби?

Всушност, авторот и колумнист Џорџ Монбиот спровел истражување за да го најде одговорот.

Тој открил дека луѓето всушност јаделе повеќе во 70-тите години отколку сега. Исто така, работните места се потешки денес отколку во 70-тите. Децата се движат исто како и пред 50 години. Но, постои важна разлика: тој открил дека луѓето денес јадат повеќе шеќери кои се наоѓаат во многу производи.

Порано луѓето јаделе повеќе, но се хранеле поразлично. Денеска купуваме повеќе свежо млеко, но петпати повеќе јогурт, трипати повеќе сладолед и дури 39 пати повеќе млечни десерти, покажало неговото истражување.

Купуваме помалку од половина јајца отколку во 1976 година, но една третина повеќе житарки за појадок и двојно повеќе грицки од житарици; половина од вкупниот број компири, но трипати повеќе чипс.

Додека нашите директни набавки на шеќер опаднаа, шеќерот што го консумираме во пијалаци и кондиторски производи се зголеми.

- Промената не се настана случајно. Како што тврдеше Жак Перети во неговиот филм „Мажите кои нè направија дебели“, прехранбените компании инвестираа многу во дизајнирање производи кои користат шеќер за да ги заобиколат нашите природни механизми за контрола на апетитот, како и во пакувањето и промоцијата на овие производи, вклучувајќи го и користењето сублиминални мириси. Тие вработија армија научници за храна и психолози за да нè измамат да јадеме повеќе отколку што ни треба, додека нивните огласувачи ги користат најновите откритија во невронауката за да го совладаат нашиот отпор - вели Џорџ Монбиот.

Извор: Kofer.info
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот