X
 06.11.2025 Колумни

Колумна: Задржувањето на талентите се одвива во училницата!

Познато е дека улогата на наставникот, училницата и образовниот контекст се фундаментални за националниот опстанок и развој. Токму во училницата се креира иднината на нацијата. Тука се открива потенцијалот, се валоризира и се поврзува со општествената мрежа, создавајќи чувство на припадност и мотивација да остане овде. Во време кога младите умови бараат глобални перспективи, секој изгубен талент е илустрација на колективен неуспех. Ако наставникот и училницата не функционираат како место на препознавање и поддршка, одливот на таленти започнува токму таму. Наставникот не е повеќе само преносител на знаење – тој е последната национална шанса за задржување и развој на талентите. Тој веќе не е само преносител на знаење; тој е катализатор, дизајнер на можности, последната национална бариера која одлучува дали потенцијалот ќе се „вгнезди“ тука, дома, или ќе се изгуби во глобалната арена. Со неговата поддршка, учениците учат дека нивниот успех не мора да биде барање вредност надвор од државата, тие можат да градат иднина овде, каде што нивниот потенцијал е препознаен, поддржан и поврзан со локалната мрежа. Кога нашите најсветли умови заминуваат – не само како индивидуални судбини, туку како симболи на неостварена национална амбиција – секој заминат талент ја носи со себе „иднината што можеше да ја создаде овде“. Глобалната литература и современите истражувања го потврдуваат фактот дека феноменот на одлив на мозоци, емиграцијата на таленти или интелектуалната миграција не се само статистика, туку тоа е загуба на иновации, експертиза и креативна енергија. Наставникот е радарот, дизајнерот на можности, мостот кон иднината на државата. Задржувањето на талентите се одвива во училницата, тука се одлучува дали талентот ќе остане дома, ќе се развива и ќе создава иднина, или ќе замине во глобалниот егзил. Иднината на нацијата зависи од тоа како ја користиме оваа последна шанса – наставникот и училницата.

Задржувањето на талентите низ дискурс на државата, институциите и семејството!

Претходното структурира апел за државата, за создавање систем кој ја вреднува интелектуалната моќ дома, а не да ја испраќа на други континенти. Познато е дека за општеството, одговорноста е колективна. Секој изгубен интелектуален капацитет е загубена шанса за сите – за иновации, за економски напредок, за национален идентитет. Секоја поттикната искра на талент е вложување во иднината на државата. За институциите ова значи да се овозможи автономија, ресурси и континуирана обука за наставниците – тие се првите „радари“ што го препознаваат талентот и го задржуваат во својата држава. Инвестирањето во училниците и во професионалната поддршка на наставниците е директна стратегија против одливот на талентите. За семејствата, ова значи да се препознае вредноста на талентот овде дома, да се охрабрат децата дека нивниот успех може да се случи овде, а не само надвор од местото каде што талентот е роден. Поддршката од семејството е клучна за талентот да не почувствува потреба да бара признавање надвор. Наставникот како личност со својот професионален дигнитет е и последната национална бариера, надеж дека нашите умови ќе останат овде, да градат, да создаваат и да го формираат идниот идентитет на нацијата. Ако тој не успее да ги препознае, валоризира и поврзе талентите дома, секоја држава автоматски станува донор на туѓи иновациски системи. Наставникот е клучот, семејството е поддршката, институциите се рамката, а државата мора да го обезбеди контекстот. Секој изгубен талент е илустрација на колективен неуспех; секој задржан и развиен потенцијал е доказ дека иднината може да се гради тука, дома, за нашата држава. Наставникот е последната национална бариера, последната надеж дека нашите умови ќе го формираат идниот идентитет на нацијата. Секој изгубен талент е доказ за колективен неуспех; секој задржан и развиен потенцијал е доказ дека иднината може да се гради тука, дома. Потврдно е дека иднината на нацијата се одлучува во училницата.



Национални и системски апликации

Уште еднаш ќе ја нагласиме мултифакторската кохезија да успее платформата талентите да ги задржиме или да се обидеме да ги задржиме во својата земја. Во таа насока императив за државата е да создаде систем кој ќе ја вреднува интелектуалната моќ дома, кој нема само да испраќа таленти, туку ќе ги задржува – преку политика, инвестиции и стратегија. Ако не се преземе тоа, државата е изложена на сценарио каде што „последната бариера“ – училиштето – пропаѓа. Институциите (училишта, универзитети треба да се рекомпонираат за поддршка на наставниците, создавање кариерни патеки, професионален развој, ресурси – тоа се клучни елементи кои ја трансформираат училницата од пасивен простор во активен „инкубатор“. Пораката за семејството е дека тоа е првата линија на валоризација. Ако дома се порачува дека талентот мора да замине надвор, тогаш мотивацијата да остане дома слабее. Семејството треба да знае дека успехот може да се случи тука. Порака за сите нас: Наставникот не е само предавач, тој е национален чувар на интелектуалниот капитал. Секој изгубен талент е илустрација на колективен неуспех, секој задржан талент е доказ дека иднината може да се гради во својата земја. Училиштето и наставникот не се само места за пренесување знаење, тие се арбитар на талентот. Ако не функционираат како такви, одливот на мозоци почнува тука. Затоа: Преку јасна национална визија, институционална поддршка и семејна (до)верба во талентот дома, можеме да создадеме образовен систем што не само ќе задржува, туку ќе се развива, ќе го цени квалитетот како стратешки ресурс.

Ако ги изгубиме талентите, ги губиме и душата на нацијата.

Автор: проф. д-р Љупчо Каверески 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Колумни