X
 07.03.2017 Наука

Одговор на вечното прашање: Дали може да се умре од скршено срце?

Губењето на саканата личност често води до депресија, а последиците од прекинувањето на една врска може да траат со месеци или години.

„Истражувањето покажува дека гледањето на фотографијата на саканата личност после раскинување го активира делот од мозокот кој е активен и кај зависниците од кокаин и физичкото чувство на болка. Тоа би значело дека скршеното срце навистина може да предизвика физичка болка и слично се манифестира како и лекувањето од зависност од дрога“, велат експертите.

Имено, кога една личност е заљубена, во нејзиното тело се активираат хормоните на среќа, допамин и окситицин. После раскинувањето, овие хормони нагло опаѓаат, а расте нивото на кортизол, хормонот на среќа. Високото ниво на кортизол може да предизвика анксиозност, мачнина, главоболка, зголемување на телесната тежина.

„Физичката болка не застанува тука. Стресните и трауматичните случувања може да предизвикаат „синдром на скршено срце“. Телото произведува хормони кои ја попречуваат работата на срцето, може да предизвикаат болка во градите и симптоми слични на срцев удар. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои ја губат саканата личност имаат многу поголеми шанси во наредните 30 дена да доживеат срцев удар, од оние кои не поминале низ истото“, заклучуваат научниците.

Заклучокот е едноставен - љубовта е дрога, а скршеното срце е телото во апстинентиска криза. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука