X
 24.06.2020 Живот

Навики засновани на науката што ќе ви донесат среќа во животот

Коронавирус. Карантин. Отпуштање од работа. Последните 6 месеци се доволни за да предизвикаат депресија кај секого. Иако многу книги ветуваат формула за среќа, мал дел од нив успеваат да им донесат среќа на луѓето. Бихевиоралната наука дава увид во навиките што би можеле да ги усвоите за да ја зголемите среќата и радоста во вашиот живот, речиси веднаш.

Еве неколку од нив.

1. Негувајте ги постојните односи наместо да ја бркате среќата како цел

- Дури и ако среќата е вашата крајна желба, сигурно не сакате да го поминете секој момент од животот велејќи: - Сакам да бидам посреќен. Работите се поедноставни. Бркањето на среќата како некаква блажена состојба може да биде контрапродуктивно. На пример, кога среќата ќе стане ваш идол, таа поттикнува длабоки психолошки проблеми. Како алтернатива, научниците предлагаат да ги негувате постојните односи. Ако имате пристоен однос со некого, тогаш подобрете го. Ако имате лош однос, поправете го.


2. Научете да простувате

- Многумина од нас, кога некој ќе нè повреди, чекаат тој некој да го направи првиот чекор за помирување. И ако го направи, ние сепак се обидуваме да го „казниме“ тој што нè повредил, не простувајќи му. Но, податоците покажуваат дека со ова однесување самите си наштетуваме. Навистина, простувањето е единствениот најмоќен фактор што истражувачите го идентификувале при стекнувањето среќа. Простувањето ги зголемува и другите наши емоционални сили. На пример, луѓето што простуваат се во можност да го контролираат својот гнев и полесно можат да ги спречат разочарувањата. Исто така, можат да ја избегнат депресијата и се здобиваат со емоционална стабилност. Со други зборови, негувајќи ги навиките за простување, можете да станете „емоционалната карпа“ на вашето семејство и пријателите.


sreka
Фото: Pixabay

3. Искрено посакување добро на другите

 

- Освен горенаведените навики, истражувачите откриле дека искрениот интерес за другите може да го подобри нашето расположение. Експериментите покажуваат дека се потребни само 12 минути за да стапи во сила. Да, по неколку минути откако ќе се заинтересираме за состојбата на другите, без оглед дали се луѓе што ги познаваме или непознати, ќе бидеме порадосни.


4. Бидете дарежливи

-
Група невронаучници откриле дека дарежливоста веднаш создава чувство на среќа. Уште поважно, тие откриле дека искрената дарежливост, искажана преку нашите акции, води до траен поттик на расположението. Повеќето од нас го знаат тоа од чувствата што ги добиваме кога даваме подароци за време на празниците или за посебни пригоди. Се чувствуваме подобро и само кога размислуваме да дадеме некому подарок, затоа што веруваме дека ќе му се допадне.

5. Научете да бидете благодарни и задоволни

 - Од другата страна на дарежливоста е благодарноста. На пример, кога некој ќе ви даде подарок, ако одговориме со благодарност и радост, ја подобруваме сопствената благосостојба. Академците од Универзитетот „Џорџ Мејсон“ покажаа дека ова е опсежен научен наод. Покрај тоа, во прегледувањето на голем број истражувања за среќа откриле дека жените и мажите се разликуваат во тоа колку благодарноста ја зголемува нивната среќа. Кај жените се покажала поголема придобивка во чувството на поголеми промени на благосостојбата. Ова може да е поврзано со социјализацијата, што ги наведува мажите да ги кријат своите емоции.


6. Бидете отворени, љубопитни и флексибилни

-
Академците од Универзитетот „Џорџ Мејсон“ откриле и дека неколку навики се во интеракција за да ја зголемат нашата среќа. На пример, отворениот ум, љубопитноста и флексибилноста ја зголемуваат среќата на долготраен начин. За да го разберете ова, треба да знаете дека отвореноста значи да бидете подготвени да прифатите нови идеи и нови луѓе. Тоа значи тргање настрана на однапред замислени идеи и пристрасности. Од друга страна, љубопитноста доведува до раст преку отвореноста и флексибилноста. Љубопитните и отворените луѓе го истражуваат она што ќе го најдат на фер начин, тестирајќи ја нивната вредност и прифаќајќи спротивни идеи. А флексибилноста му дава на човек крилја. Како флексибилна личност вие сте подготвени да го промените мислењето во однос на она што ќе го пронајдете. Затоа, отворената, љубопитната и флексибилната личност ќе расте и тоа растење ќе ја направи посреќна.

7. Живејте во моментот

-
Многумина од нас им се препуштаат на спомените и носталгијата, особено кога тие ни носат позитивни сеќавања. Но, иако носталгијата се чини безопасна, истражувачите велат дека може да предизвика несреќа, па дури и депресија. Тоа значи дека не ја прифаќаме реалноста на промените. Живеењето во сегашноста е реално и психички стабилно, овозможувајќи ни да се спротивставиме на нарушувањата и другите предизвици што би можеле да нè вознемират.

Дури и овие навики понекогаш може да биде тешко да се применуваат. Затоа, ви нудиме нешто многу едноставно: живејте го секој ден како што доаѓа. Секоја ситуација, без оглед на тоа колку е темна, гледајте ја како можност да растете и да учите. Бидете благодарни за секоја личност и ситуација што ќе ја сретнете и гледајте ги како дел од вашето животно патување.

Извор: Forbes
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот