X
 07.06.2018 Живот

Дали турбуленциите на авионите се опасни?

Секој човек во текот на лет со авион очекува турбуленции, но што е со оние екстремните што се појавуваат изненадно и поради кои авионот нагло понира и предизвикува страв кај патниците од неминовна смрт?

Овој вид турбуленции се предизвикани од воздушните џебови кои често се појавуваат од ведро небо бидејќи се невидливи и тешки за откривање.

Но, иако тоа може да предизвика узбуна, Маркус Вахл од германското здружение на пилоти „Vereinigung Cockpit“ тврди дека тоа е целосно безопасно.

- Наглото понирање може да биде незгодно, но за авионот тоа воопшто не е опасно - вели тој.

Дури и поимот „воздушен џеб“ лаже, додава Вахл.

- Не постојат воздушни џебови, барем не во смисла на некој вид дупки во воздухот - објаснува тој.

Тој ефект всушност го предизвикуваат различни воздушни струи кои на одредени места се допираат и создаваат подрачја на нестабилност поради кои авионот понекогаш „пропаѓа“.

- Авионот ја губи висината, што предизвикува чувство слично на возење на воз на смртта - вели Вахл.

Иако турбуленцијата не е опасна за авионите, таа може да предизвика повреди кај патниците. Поради тоа, најдобро е цело време да сте врзани со сигурносниот појас

Пилотите во многу случаи се обидуваат да ги избегнат турбуленциите или брзо се оддалечуваат од нив со промена на насоката или со висината на летот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот