X
 28.05.2024 Живот

Во кои подрачја од светот има најголема веројатност за турбуленции?

За луѓето што се плашат од летање, утеха е приказната на австралискиот пилот Џими Николсон... Тој вели дека случаите на уривање се тажен, но многу редок настан.

Говорејќи за минатонеделниот лет „СК321“ од Лондон до Сингапур на авиокомпанијата „Сингапур ерлајнс“, каде што при падот имаше и загинато лице, пилотот тврди дека авионот „се спуштал контролирано“ и оти не паднал поради турбуленции. Неговото видео е прегледано повеќе од 1,2 милиони пати. Во него Николсон зборува и за тоа каде во светот може да се очекуваат „најлоши турбуленции“, укажувајќи на екваторот како позната зона на конвергенција.

- Овде ветровите од северната хемисфера се спојуваат со јужната, често предизвикувајќи лошо време и турбуленции. ИТЦЗ (Интертропска зона на конвергенција) се менува во текот на годината - вели тој.
@jimmy_nicholson Replying to @Estefanía In flight emergency: smoke in the cockpit #pilot #piloto #pilotsoftiktok #pilotlife #emergency #jetplane ♬ Interstellar on Piano - Andy Morris

Исто така, честопати тука се јавуваат „низи големи високи кумулонимбусни облаци“ што произведуваат грмотевици во ИТЦЗ. Но, како што појаснува пилотот, радарите и технологијата посочуваат каде точно се наоѓаат тие облаци, па и полесно се избегнуваат денес.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот