X
 07.08.2022 Живот

Словенечки град има брза помош на велосипеди

Изола е мал крајбрежен град во Словенија кој е познат по рибарското наследство и архитектурата во италијански стил. Во последните четири години посетителите се восхитуваат и на нешто друго во градот, а тоа е брзата помош на велосипеди.

Проектот започнал со личните велосипеди на двајца вработени во брзата помош и волонтерската работа на вработени во службата за спасување на Словенечка Истра. Идејата се родила порано, пред околу 10 години, кога се разговарало за обезбедување поефикасни услуги за брза помош на учесниците во маратон кој се одржувал таму.



Сега спасувачите користат специјални електрични велосипеди кои се адаптирани за возење на секаков терен и се со целосна опрема. Минатото лето велосипедската брза помош интервенирала 26 пати.

Оваа брза помош работи секој викенд во текот на летото и за време на празниците помеѓу 9 и 17 часот. Тие се поврзани со диспечерскиот центар, кој постојано знае која е нивната локација и ги повикува доколку е потребна интервенција.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот