X
 07.10.2021 Наука

На сите ќе ни треба нова ковид-вакцина до средината на 2022 година

Со околу 34,4 отсто од популацијата во светот целосно вакцинирани, прашањето за засилувачка доза продолжува да биде главна тема за дискусија.

Еден производител на вакцини предвидува дека во блиска иднина сегашните вакцини ќе треба да се ажурираат, што значи дека би можеле да се појават нови ковид-вакцини порано од очекуваното.

Угур Сахин, извршен директор и коосновач на „Бајонтек“, компанијата која заедно со „Фајзер“ ја создаде вакцината „Фајзер“, вели дека на светот ќе му треба нова вакцина против ковид-19 кон средината на 2022 година. Новата вакцина ќе биде неопходна заштита за идните соеви затоа што сегашните вакцини нема да нудат заштита.

- Оваа година друга вакцина е целосно непотребна. Но, до средината на следната година може да биде поинаква ситуацијата - вели Сахин.

Тој верува дека следните вакцини ќе треба да се приспособат за да се справат со идните мутации, бидејќи тие најверојатно ќе можат да го избегнат имунолошкиот одговор што го даваат сегашните вакцини.

- Овој вирус ќе остане, така што дополнително ќе се приспособи. Немаме причина да претпоставуваме дека следната генерација на вирусот ќе биде полесна за справување за имунолошкиот систем отколку сегашната. Станува збор за континуирана еволуција и таа еволуција штотуку започна - вели тој.

Сахин истакна дека сегашните засилувачки дози имаат цел да обезбедат дополнителна заштита од делта-сојот. Додека вирусот продолжува да мутира, новите засилувачки дози може да ги таргетираат новите мутации.

kovid
Фото: Freepik

И други експерти за вакцини дадоа слични предвидувања. Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, неодамна рече дека верува дека во рок од една година ќе можеме да се вратиме на нормалниот живот, но варијантите ќе продолжат да мутираат. Како што вели, за справување со континуираната еволуција, секоја година ќе биде потребно да се создава нова вакцина.

- Најверојатното сценарио е дека ќе има нови варијанти затоа што вирусот е распространет низ целиот свет. Исто така, ќе имаме вакцини што ќе траат најмалку една година и мислам дека најверојатното сценарио е годишна вакцинација, но не знаеме навистина. Треба да почекаме и да ги видиме податоците - вели тој.

И извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел, понуди слична временска рамка. Тој предвиде дека ковид-19 ќе продолжи да мутира до налето или до крајот на 2022 година.

- Мислам дека следуваат уште 12 до 18 месеци мутирање на вирусот - вели тој. Исто како и Бурла, и Бансел верува дека ќе биде неопходна годишна вакцинација со ажурирани вакцини.

Извор: Bestlifeonline.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука