Психијатарот и биоинженер од Универзитетот „Стенфорд“, Карл Дејсерот е еден од добитниците на Нобеловата награда за медицина за 2026 година, признание што го дели со германските научници Петер Хегеман и Георг Нагел.
Откако ја прими веста за престижното признание, професорот сними и сподели емотивен и спонтан момент со своите деца, привлекувајќи внимание на социјалните мрежи. На видеото Дејсерот им ја соопштува веста на своите деца, кои реагираат со воодушевување и насмевки на ова големо достигнување на нивниот татко.
За што е доделена Нобеловата награда?
Професорот Карл Дејсерот и неговите колеги се одликувани за откритието и развојот на оптогенетиката, револуционерна метода во невронауката која овозможува прецизно контролирање на активноста на поединечни нервни клетки во живиот мозок со помош на светлина.
Извор:
X/Stanford
Фото: X/Screenshot