X
 03.01.2015 Култура

Вирално видео од новогодишната прослава во Берлин

Додека Лондон, Единбург и Сиднеј, имаат организирано огромни огномети на официјални локации, со здравствени и безбедносни прописи и контрола на толпите, во Берлин и не е баш така.

 

огномет


Наместо тоа, низ улиците на овој град за време на Новата година се случуваше вистински хаос. Резултатот е нешто што буквално треба да се види за да се верува - веројатно токму поради овој факт, видеото подолу беше прегледано 70.000 пати за само 24 часа.

Патувањето започнува од Воршауер мостот во источниот дел на градот, преку населбите Кројцберг и Неуколин.

Иако во Берлин оваа година немало жртви или сериозно повредени, ова не било случајот низ Германија.

19 годишно момче било убиено во Фрајбург, во Саксонија, а неговиот пријатели бил повреден, кога експлодирал нелегално купен огномет, предизвикувајќи фатални повреди.

Во Алвеслое, Шлезвиг, уште еден 18 годишен тинејџер бил убиен кога огномет фрлен од некој го удрил во главата.

Голем број од најопасните огномети во продажба во Германија кои се продаваат меѓу Божиќ и Нова Година се произведени во Полска, но се нелегални во Германија.

 


Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура