X
 09.05.2019 Живот

Социјалните мрежи немаат големо влијание врз задоволството на адолесцентите

Негативните ефекти од употребата на социјалните мрежи врз задоволството кај тинејџерите се незначителни, односно речиси и да не постојат, посочува ново истражување што опфатило 12.000 адолесценти во Велика Британија.

 - Семејството, пријателите и училиштето имаат многу поголемо влијание врз среќата и благосостојбата кај децата на возраст од 10 до 15 години - нагласуваат истражувачите од Универзитетот „Оксфорд“.

Трудот објавен во списанието ПНАС се обидува да одговори на прашањата – дали тинејџерите што користат социјални медиуми се помалку задоволни од својот живот и дали адолесцентите кои се помалку задоволни со својот живот во поголема мера ги користат социјалните мрежи?

Научниците нагласуваат и оти досегашните истражувања околу поврзаноста меѓу гледањето во екран, технологијата и менталното здравје на децата честопати беа противречни. Професорите Ендрју Пжyбyлски и Ејми Орбен оценуваат дека тие студии најчесто се темелат на ограничени податоци кои не ја даваат вистинската слика на нештата.

Професорот Пжyбyлски притоа истакнува дека 99,75 отсто од задоволството кај луѓето немаат никаква врска со користењето социјални мрежи.

Студијата спроведена во периодот меѓу 2009 и 2017 година сепак покажува дека социјалните мрежи имаат малку поголемо влијание врз девојчињата отколку врз момчињата, но таа разлика е премногу мала.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот