X
 15.09.2016 Живот

Совети од Дипак Чопра за успех во бизнис светот

Дипак Чопра, индиско-американски 68 годишен професор на “Кellogg“ школата за менаџменет и асоцијативен професор во Колумбија не е само успешен лекар, јавен говорник, автор, борец за алтернативна медицина, но исто така и лидер во областа на менување на начинот на размислување Тој напишал над 80 книги кои се продавани во голем број меѓу кои најпопуларна е “Седумтте духовни закони на успехот: Практичен водич за исполнување на вашите соништа“.  

Во интервјуто за “Entrepreneur“, Чопра дава совети за тоа како претприемачите можат да ги ослободат своите умови за успех во бизнис светот. Чопра вели дека овие совети мора да се користат заедно со внимателна смислена јасна и фокусирана деловна стратегија и силен бизнис план кон стремење на мерливи резултати.

Ова се неговите совети:


Дипак Чопра

1. Прашај се себеси: Зошто сакам да бидам во бизнисот?


Со радост и ентузијазам во себе првото нешто што ги прашав моите МБА студенти во Бизнис училиштето во Колумбија е да рефлектираат на овие основни прашања: Кој сум јас? Што сакам јас? Која е мојата цел? Каков придонес јас сакам да направам во општеството? Дали имам некои херои или хероини во историјата, митологијата или религијата кои јас ги сметам за ментори и водачи?

Менторите се неверијатно важни во бизнис светот. Некои гледаат на Бил Гетјс или Ворен Бафет или на други, но сакам нив да ги прашам: Зошто? Зошто овие луѓе тие ги сметаат за важни?  На кои специфични карактеристики и особини во бизнисот кој би го имале или веќе го поседуваат се надеваат да се угледаат?

2. Дефинирајте ја визијата за успех

За да ја издвоите вашата скриена визија, страст или мотивација во бизнисот, започнете со прашување на себеси: Што е мојата вистинска мотивација да бидам успешен во бизнисот? Што значи да се биде успешен во овој домен?

Започнете со размислување зошто некој прави нешто. Бидејќи се мотивирани од желбата да почувствуваат одредено чувство, задоволство, исполнетост, признавање, слава, богатство. Овие се подгрупи на чувства кон кои луѓето се стремат. Но вистината е дека среќата и радоста се крајните цели, над сите други, па дури и во бизнис светот.

3. Размислете со кој сакате да работите и што сакате да постигните заедно?


Прашајте: Каков вид на организација сакам да водам? Како да создадам тим со заедничка визија, вредности и ентузијазам? Како да им давам комплименти за силните страни на членовите на мојот тим? Размислете за начините на кои може емоционално да се поврзите со вашиот бизнис тим бидејќи не може да направите сѐ самите.

Како вашето лидерство влијае на потрошувачите, инвеститорите, вработените, односно со други зборови, го проширува екосистемот на бизнисот? И како ќе влијаете на поголемиот екосистем во светот и во каков свет вие сакате навистина да живеете? Потоа прашајте се себеси како би изгледала вашата бизнис визија ако бевте успешни. Како би се чувствувале вие и вашиот тим доколку постигните бизнис успех? Чувствата кон кои тежнеете се главната основа за секоја ваша акција.

4. Одделете се од резултатот

Оставете ја навиката да бидите ориентирани кон резултатот, бидејки е сосема спротивно на бизнисот. Наместо тоа бидете ориентирани на процесот. Доколку не уживате во она што го работите, нема да уживате ни во резултатите.

Прашајте се дали правите разлика во вашата компанија, со вашите колеги и потрошувачи, во поголем екосистем. во светот, заедно со луѓето од вашиот тим. Ако може да кажете да на сето ова, и останете на курсот да го следите процесот кој сте го поставиле, вашите резултати ќе бидат загарантирани. Мантрата која треба да ја следите е трагајте по извонредност, игнорирајте го успехот.

5. Креирајте цели и воспоставете временски рокови за нивно исполнување


Проверете со вашиот тим и бидете сигурни дека нив им е јасно какви се вашите бизнис цели. Проверете и прашајте ги дали се согласуваат со временските рокови за нивно постигнување. Дали вашите цели се реални и мерливи? Дали правите напори да постигнете колку што може повеќе? Која е специфичната временска рамка помеѓу сега и она што се надеватедека ќе го постигните заедно?

6. Што значи да се биде збунет и недисциплиниран?


Многу луѓе во бизнисот зборуваат за недисциплинираност, но никој не дефинира што значи да се биде недисциплиниран. За да постигните исклучително претприемништво мора да размислувате на начин: Дали е ова што јас сакам да го направам, да ја сечам границата која никој друг не ја сече?

7. Гледајте на проблемите како на можности


Критикувањето, осудувањето и однесувањето како жртва не се корисни и продуктивни и го забавуваат успехот. Без оглед на ситуацијата идентификувајте ги позитивните страни и продолжете напред. Со многу успешни претприемачи, јас откривам секој пат кога сите останати во компанијата го перцепираат нештото како проблем, додека успешните луѓе на истата ситуација гледаат како на можност за раст, промена и иновација.

Вие ја креирате среќата од околноста во смисла каде има проблем вие гледате како на можност и ја претворате во ваша предност. Кога ќе го направите тоа вие сте на патот до успехот.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот