X
 09.12.2018 Живот

Доказ дека лавот е навистина крал на животните

Документарците за животинското царство отсекогаш биле најдобар начин квалитетно да го поминете слободното време. Со подобрување на техниката, камерите и звукот, снимките од дивината станаа подраматични и од многу филмови, а никој тоа не умее да го долови подобро од емисиите на „Би-би-си Ерт“ во најновата документарна серија „Династии“.

Лавот наречен Ред бил опкружен со 20 крволични хиени. И додека очајно се обидува да се извлече од сигурна смрт, беше создадена уште една драматична снимка за Оскар која за две недели ја погледнаа скоро 10 милиони луѓе.

Lav
Фото: Screenshot/YouTube

-Во текот на растењето, младите мажјаци ги истражуваат териториите на глутницата. Ред сам се изложи на опасност и се најде среде град од хиени - објаснува нараторот.

Гладните хиени се обидуваат да го соборат на земја, а лавот набрзо започнува да губи сила. Очајот во неговите очи вели дека не може уште долго да им се спротивстави, а хиените започнуваат да ја кинат кожата од неговиот грб. Но, рикањето на Ред го слуша неговиот брат од глутницата. Она што подоцна се случува докажува зошто лавот е крал на животните.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот