X
 10.08.2025 Живот

За најдобрите дипломци на Машински и на Правен факултет, во Македонија останаа само двајца пиротехничари што отстрануваат експлозиви... Што пишувавме неделава?

Харитина Сакова, најдобар дипломец на Машински со просек 10, беше на пракса во ЦЕРН, а сега е постдипломец по вселенско инженерство на Универзитетот во Милано

Харитина Сакова од Охрид, која беше примена на летна пракса во Европската организација за нуклеарно истражување (ЦЕРН) во Швајцарија, учествуваше во конструкцијата на првиот македонски болид на меѓународен натпревар во Хрватска, соработуваше со Техничкиот факултет во Брно, Чешка, дипломира на Машинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во рекордно време со просек 10.

Кој ќе отстранува експлозиви: Во Македонија останаа двајца пиротехничари кои немаат ниту возила за работа

Отстранувањето запаливи и опасни воени орудија, експлозивни материјали и бомби е втора најопасна работа во светот, а во Македонија сега официјално ја работат само двајца пиротехничари.
Во Дирекцијата за заштита и спасување работеа седуммина пиротехничари пред неколку години, но по пензионирањето на раководителот на тимот, Ефтим Митров, останале само двајца колеги, по еден во Штип и во Битола.

„Неправдата кон моето семејство ме направи гладен за правда“ , вели Стефан Кофиловски - најдобар студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

„Си ветив дека максимално ќе се посветам на моето правно образование со цел да можам да му помогнам на секој обесправен“, потенцира Стефан Кофиловски, кој го доби признанието за најдобар студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ за академската 2023/2024 година од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Издвојуваме

Живот