X
 10.09.2023 Живот

На ова британско гратче не му е потребна полиција - жителите ја земаат правдата во свои раце

На граѓаните на британското гратче Линдхерст во Њу Форест, Велика Британија, толку многу им се смачил криминалот што се случувал во градот, што одлучиле законот да го земат во свои раце.

Жителите почнале да ги користат „Фејсбук“ и „Вацап“ за да ги решат злосторствата наместо да се обратат до полицијата.

Во јуни беше откриено дека градот Линдхерст имал најмногу нерешени кражби во цела Велика Британија - вкупно шест, според полициските податоци. Уште поалармантно е тоа што во моментов има 84 нерасчистени кражби во областа. Речиси три години не била решена ниту една кражба.

Овие резултати одразуваат алармантен национален тренд бидејќи најновите бројки на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека помалку од 4,4 отсто од сите кражби резултирале со обвинето лице.

Уште подепресивно е тоа што минатата година над 2,4 милиони случаи останале нерешени затоа што не бил пронајден осомничен.

Со оглед на тоа што локалните жители на Линдхерст се чувствувале напуштени од полицијата, одлучиле самите да ја побараат правдата.

Наместо да се јават во полиција, жителите сега споделуваат докази и осомничени во групите на социјалните мрежи.

Една фејсбук-група, наречена „Крајм вач“, собрала над 16.000 члена, што е речиси половина од бројот на луѓе што живеат во областа.

- Многу ретко ѝ пречиме на полицијата, воопшто не ни треба. Развивме сопствен систем со кој ја заменуваме - објаснува Арон Пејџ, продавач во Линдхерст. Според Пејџ, локалното население има и воки-токи слично на полициското.

Друга жителка која поседува антикварница вели дека ѝ биле украдени чинии вредни 750 фунти. Но, таа одбила да пријави во полиција. Наместо тоа, споделила објава за украдените чинии на „Фејсбук“, па два дена подоцна тие се појавиле.

- Полицијата сакаше да се занимава со случајот откако ги најдовме чиниите. Но, ја одбивме нејзината помош - вели жената.

- Во текот на последните неколку години јавноста има чувство дека полицијата не реагира на злосторствата - вели Дона Џонс, локален полициски комесар. Но, таа истакна дека најновите промени во полицискиот модел се дизајнирани за да ја доближи полицијата до заедниците.

Извор: Ladbible.com
Фото: Wikimedia Commons
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот