Во последните неколку години се случува бум на вештачката интелигенција. Пред тоа повеќето од нас би рекле дека паметниот телефон го дефинира развојот на нашето време. Во таа смисла, би можеле да изјавиме дека човештвото ја елиминирало досадата како појава. Но, професорот Артур Ц. Брукс од Харвардската бизнис-школа вели дека треба да ви биде здодевно.
- Досадата е тенденција да не бидеме зафатени когнитивно, што го тера нашиот систем на размислување за да користи дел од мозокот што се нарекува мрежа на стандарден режим. Во тој режим, кој започнува без каква било друга стимулација, мора да се соочиме со големи прашања за значењето – кои по самата нивна природа се непријатни. Една од причините зошто имаме таква експлозија на депресија и анксиозност во нашето општество денес е тоа што луѓето не ја знаат смислата на своите животи, уште помалку отколку претходните генерации. Што нè изолирало толку од потребата дури и да размислуваме за тоа? Зошто тоа нешто во џебот со екранот го вадите дури и кога стоите на аголот на улицата, чекајќи на семафор? - вели Ц. Брукс.
„Сите имаме компјутери в џеб сега“, напишал новинарот Кејлеб Хортон.
-Можете да пребарувате енциклопедиски статии и слично, но најчесто телефонот ќе го користите за проверка на вести и играње игра наречена „Кенди краш“. Всушност, тоа е само нешто што можете да го правите со вашите раце - вели Ц. Брукс.
Тој нуди препораки:
-Одјавете се од интернет. Излезете надвор, разговарајте со луѓе во реалниот живот, обидете се да ги видите пријателите на кои вообичаено само им испраќате пораки. Одете на долго возење и исклучете го телефонот додека го правите тоа. Вратете се на вашите хобија или изберете едно и научете го - советува тој.
„Ако секојпат кога ви е малку здодевно го вадите телефонот“, вели Брукс, „ќе ви биде сè потешко и потешко да најдете смисла, а тоа е рецептот за депресија и анксиозност и чувство на празнина, кои, патем, се насекаде.“
Тој објаснува дека ако намерно и редовно не го проверувате телефонот, или пак не се изложувате на кој било друг извор на електронска стимулација, ќе ја изградите „вештината на досада“, што ќе ви овозможи не само да се соочите со големите животни прашања, туку и да ви биде помалку здодевно од обичниот живот - нешто што сите треба да научиме да го уживаме додека сè уште можеме.
Извор: openculture.com
Фото: Freepik