X
 30.01.2021 Живот

Како казна за непрописно паркирање во Германија од 20 евра стигна до 14.220 евра?

Еден навидум незначителен сообраќаен прекршок завршил со најскапата парична казна во историјата на градот Бохум, Германија.

Имено, казната од 20 евра за паркирање на велосипедска патека брзо се претворила во рекордна казна од над 14.200 евра. Тоа се случило кога 57-годишен возач на камион од Нирнберг бил фатен како прави прекршок бидејќи со својот камион ја блокирал велосипедската патека во Бохум.

Веројатно сето тоа би завршило со казна од 20 евра доколку возачот на камионот не се побунел поради казната. Тој почнал гласно да се жали и да се кара со полицајците, што ги влошило работите.

Тогаш полицијата одлучила да ги провери возилото и тахографот. Кога подетално го прегледале камионот, вклучувајќи го и тахографот, тие откриле не само прекршувања на ограничувањето на брзината, туку и речиси дневни прекршувања на пропишаното време на возење и одмор во текот на контролниот период од 28 календарски дена.

Потоа полицајците ги внеле сите тие податоци во компјутерот и дошле до казна од дури 14.200 евра. На сето тоа, на возачот му следувала и дополнителна казна од 20 евра за неправилно паркирање.

Извор: Revijahak.hr
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот