X
 10.11.2020 Здравје

Почна вакцинацијата против сезонски грип, за бесплатно вакцинирање се закажува преку матичен

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, соопштија од Министерството за здравство, од каде што додаваат дека за бесплатно вакцинирање граѓаните можат да закажат термини преку својот матичен лекар. Инаку, вакцината чини 800 денари.

Од Министерството истакнуваат дека денеска почнува вакцинацијата во здравствените домови во Скопје, Велес, Неготино и општата болница во Кавадарци; утре во здравствените домови во Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод и Ростуше и Општа болница со проширена дејност Дебар; в четврток во здравствените домови во Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип и Валандово и во Општа болница со проширена дејност Гевгелија, додека в петок во здравствените домови во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Берово, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево и Кочани.

- Оваа година за бесплатно вакцинирање се набавени 40.000 дози вакцини против сезонски грип, 12.000 повеќе споредено со минатата сезона - стои во соопштението.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ова е трета година по ред како се обезбедува соодветна количина за неколку категории граѓани, и тоа лица над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени, здравствени работници и деца до 5 години.

- Секоја година интересот за вакцинирање против сезонски грип е сѐ поголем, особено кај хронично болните и постарите лица кои поради позитивното искуство од претходните години, редовно се вакцинираат. Министерството за здравство потсетува дека најефективниот начин за спречување на болеста и нејзините тешки форми е имунизацијата, особено во период кога се соочуваме со пандемијата со коронавирусот - се наведува во соопштението.

Фото: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје