X
 11.02.2015 Живот

Зошто е прекрасно да се има помала сестра?

Сестрите се благослов, без разлика колку доцна во животот луѓето сфаќаат. Сите можат да се согласат дека, ништо не може да ја уништи врската меѓу сестрите.

 

2


Сите постари сестри можеме да се согласиме дека токму поради овие работи е неверојатно да се има помала сестра.

1. Помалите сестри прават да се чувствувате помајчински настроени

Вашата помала сестра веројатно кај вас предизвикала мајчински искуства затоа што сакате да знаете кога си доаѓа дома, дали си легнува доцна и дали е подготвена за на училиште.

2. Удобност доцна во ноќта

Особено како помали, сестрите ја делат собата и се` останато. После поплаките во врска со недостатокот на приватност и простор, споделувањето на личниот простор со сестрата никогаш не се чувствувал толку природен.

И секако, да не ги заборавиме шепотењата за глупости во текот на ноќта како и разговорите кои немаат крај.

3. Делење на работи

Освен што го делите личниот простор, вие делите козметика, чешли и секако облека. Кога бевте мали, не беше необично вашата помала сестра да ви украде облека која сигурно и` била голема, меѓутоа сакала да ја стави за да личи на вас.

4. Таа ве тера да сфатите дека сте пораснале

Нејзините расправии и однесување ве тераат да помислите: „Боже, дали јас некогаш бев како неа?“ Да, со тоа сфаќате дека всушност сте пораснале!

5. Таа е првата личност која ја дознава вашата новооткриена мудрост

Со годините доаѓаат и мудростите, такашто кога вашата помала сестра се наоѓа во опасна ситуација во која вие претходно сте биле, автоматски се приклучува вашиот аларм. Можеби ќе ве мрази тогаш, меѓутоа ќе ви се заблагодари подоцна. Вашата помала сестра е првата личност која вие сакате да ја заштитите. Можеби грижата за неа не е лесна, но е нешто кое го сметате за доста важно.

6. Вашите пријатели/ки ја обожаваат

Со самото тоа што таа е вашата помала сестра, вашите пријатели автоматски и неа ја сакаат. Некогаш е примамливо да ја исклучите од групата на пријатели, меѓутоа мора да признаете дека со нејзиното присуство, работите се позабавни.

7. Никој не смее да ја задева, освен вие

Ако некој одлучи да се шегува и да се подбива со вашата сестра, тогаш ќе мора да плати. Меѓутоа, кога не ви е денот, таа може да го извлече подебелиот крај само затоа што вие сте постарата сестра.

Ја сакате, ја штитите, и на крајот на краиштата таа сигурно знае дека не и` мислите ништо лошо.

8. Имате шеги кои ги знаете само вие

Секогаш ќе имате нешто кое ќе го знаете само вие двете и ќе се смеете до бескрај.

9. Секогаш ве изненадува


Кога имате лош ден и сакате да се исклучите од светот, често пати ве изненадува способноста на вашата помала сестра да ве расположи.

10. Невозможно е долго време да и` останете лута


Можеби се однесува разгалено, невоспитано и невозможно, но мала е веројатноста да и` останете лута долго време. Без разлика што има направено, вие не можете да бидете лута.

11. Ве знае подобро од било кој друг

Знаете што мрмори во текот на ноќта, знаете колку гласно 'рчи, и да не заборавиме - ве видела гола целиот ваш живот. Таа ви го дава најубавиот роденденски подарок, едноставно затоа што ве знае толку добро.

И што е најважно, таа има морничава способност да ги насети вашите чувства.

12. Ви недостасува кога ја нема

За прв пат не едома, а вашата соба се чини празна. Кога ќе падне ноќта, гледате во празниот кревет и се чувствувате чудно и осамено.

13. Таа ве спречила да направите прилично глупави работи


Помалите сестри имаат одговорност да ве спречат да правите работи за кои подоцна ќе зажалите, само затоа што вие им сте идол. Одговорноста да бидете добар идол постојано виси над вашата глава. Дури и не сте загрижени за казната којашто ќе ја добиете од вашите родители, толку колку што не сакате вашата сестра да направи слична глупава работа само затоа што вие мислевте дека е во ред да се направи.

Вашта сестра е главниот фактор во развивањето на себеси во одговорна личност.

14. Таа ве слуша

Во оние тешки фази на пубертет, кога вашите родители не можат да допрат до неа, вие сте единствената личност со која може да разговара. Поблиску сте до нејзината возраст и таа може да разговара со вас за апсолутно се`.

15. Гледајќи ја како расте е најемотивната работа во светот


Нејзиниот прв ден на училиште беше толку голема работа, како и нејзиниот прв час во средно. Потоа следуваше првото момче, па матурата, а на нејзината венчавка не можевте да престанете да плачете.

Дури и сега кога порасна, вие ја гледате како вашата малечка сестра, а не како возрасна. Следењето на нејзиното созревање е истовремено и слатко и горчливо искуство на коешто сте горди.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот