Младите да не се залажуваат по совршениот живот од социјалните мрежи, а родителите да не бараат совршенство од нив, препорачуваат психолозите
Обидот да бидат совршени во сите активности или да имаат совршен живот како лицата што ги гледаат на социјалните мрежи влијае врз менталното здравје на младите зашто во реалноста ништо и никој не е совршен, посочија повеќемина психолози од средни училишта на трибината „Младите и менталното здравје“ во организација на „Про локал“ во Битола.
Училиште на градоначалници - „Славко Лумбарковски“ во Новаци слави 70 години постоење - првиот градоначалник четири години работел волонтерски
Куриозитет на училиштето „Славко Лумбарковски“ е што сите први луѓе на Општина Новаци се излезени од неговите клупи. Таму се описменети сите досегашни градоначалници на новачкиот крај од осамостојувањето на државата: Методија Стојановски, Трајан Мицевски, Лазар Котевски, Љубе Кузмановски и Стевче Стевановски. Тие со носталгија се сеќаваат на наставата и школските денови.
„Во иднина читателите ќе си генерираат дела со ВИ по сопствен вкус“, вели Стефан Марковски, директор на библиотеката „Гоце Делчев“
Со Стефан Марковски, директорот на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија, разговараме околу тоа дали примената на вештачката интелигенција придонесува библиотеките да станат поотворени, подостапни и приспособени на современите потреби на заедницата или е обратно