X
 13.04.2026 Живот

„Нетфликс“ најави серија за подемот и падот на познатото семејство Кенеди

„Нетфликс“ најави нова драмска серија под наслов „Кенеди“, која ќе се занимава со една од најпознатите политички династии во американската историја, а се очекува да пристигне на малите екрани кон крајот на 2026 или во текот на 2027 година.

Потсетуваме, „Нетфликс“ ја сними и гледаната драмска серија „Круната“, која низ шест сезони го прикажуваше британското кралско семејство од почетокот на владеењето на кралицата Елизабета II, а серијата „Кенеди“ ја нарекуваат американска верзија на „Круната”.

Првата сезона, составена од осум епизоди, ќе го прикаже подемот на семејството Кенеди во американската политика. Иако влијанието на семејството се протега уште од средината на 19 век кога првите членови од Ирска пристигнале во Бостон, серијата ќе започне од 30-тите години, кога Џозеф и неговата сопруга Роуз почнуваат да ја градат династијата која ќе остави длабока трага во историјата. Како што стои во официјалниот опис, серијата „Кенеди“ ќе ги открие приватните животи, ривалствата и трагедиите што ја обликувале најпознатата модерна династија, а ќе прикаже како токму тие лични приказни влијаеле врз светот во кој денес живееме.

Креатор и извршен продуцент на серијата е Сем Шо, познат по историската драма „Менхетен“ и серијата „Касл рок“, инспирирана од делата на Стивен Кинг.

Извор: lolamagazin
Фото: netfliks
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот