X
 12.09.2025 Живот

Истражувачки предизвик за студентите на УКЛО - Годишна меѓународна студентска конференција 2025

Во пресрет на Годишната меѓународна студентска конференција 2025, УКЛО ги потсетува и им нуди можност на студентите да се приклучат на овој значаен настан, чија подготовка е во тек.

Поканети се сите студенти: од додипломски, магистерски и докторски студии – од земјата и од странство, за учество на Конференцијата што ќе се одржи на 17 декември 2025 година. Од минатата година настанот се организира со интернационален предзнак, благодарение на Алијансата КОЛОРС. Студентите од УКЛО ги претставуваат своите истражувачки трудови заедно со нивни колеги од уште осум европски универзитети, членки на КОЛОРС.

1

Со повикот, УКЛО ги охрабрува студентите активно да придонесат во академскиот и истражувачкиот простор, преку презентирање на свои трудови од широк спектар научни дисциплини – меѓу кои се техничките науки, правото, политичките науки, безбедносните студии, економијата, образованието, земјоделството, јавното здравје, еколошката наука, информациските технологии, како и сите мулти- и интердисциплинарни области. Сите презентирани трудови ќе бидат објавени во Зборникот на трудови од Конференцијата, а одреден број избрани трудови ќе бидат објавени и во третиот број на студентското научно списание „Нови хоризонти“.

Учесниците имаат можност да презентираат лично, или виртуелно, без обврска за плаќање котизација или трошоци за објавување. За учеството, студентите што ќе презентираат свои трудови ќе добијат сертификати.

Дополнително, УКЛО ги поттикнува студентите од втор циклус и трет циклус студии да се пријават како главни говорници или рецензенти – што претставува одлична можност за нивниот професионален развој и за зајакнување на академското портфолио. Овие ангажмани ќе бидат истакнати во агендата на Конференцијата и во публикациите поврзани со КОЛОРС Алијансата.

Повеќе информации, технички упатства и образец за подготовка на трудовите се достапни ТУКА.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот