X
 12.09.2025 Живот

Ништо од 4-дневната работна недела во Шпанија - пратениците го одбија планот на владата

Шпанските пратеници го одбија предлог-законот за скратување на работната недела, што беше едно од клучните ветувања на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, кој нема парламентарно мнозинство.

Предлогот, кој предвидуваше скратување на работната недела од 40 на 37,5 часа, го одбија 178 пратеници, додека 170 гласаа за.

Законот го поднесе министерката за труд Јоланда Дијас од крајно левичарската партија Сумар, сојузник на социјалистите во владата на Санчез. Предлогот беше резултат на договор со двата главни синдикати кои повикаа на протести пред парламентот за време на гласањето, додека организациите на работодавците се противеа на реформата.

Според владата, целта беше да се влијае врз повеќе од 12 милиони вработени во приватниот сектор, главно во малопродажба, угостителство и земјоделство, бидејќи работната недела од 37,5 часа веќе важи во државната администрација и во повеќето големи компании.

Јоланда Дијас изјави дека владата повторно ќе го поднесе предлогот, повикувајќи ги пратениците да го променат својот став за да не се соочат со 12,5 милиони работници во земјата кои би можеле да имаат корист од овој закон.

Извор: bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот