X
 12.10.2021 Живот

Дали отсуството на таткото може да има долготрајни последици врз однесувањето на детето?

Мајка сум на 2-годишен син. Сопругот работи 3 месеци во странство, а потоа 1 месец е дома – на одмор. Последниот пат, поради пандемијата, беше 7 месеци отсутен од дома. Кога се врати, зедов и јас одмор и постојано бевме сите тројца заедно. Мислам дека тој период беше најсреќното дете што може да постои, Пред да замине сопругот разговаравме со него, му објаснивме дека тато ќе лета со авион (сака авиони) и дека ќе оди да работи, ама дека за брзо време ќе се врати и ќе му донесе кола (а обожава коли), а дека мама и тој заедно ќе патуваат до работа и градинка. Од градинка ме информираа дека има промени во неговото однесување – постојано ме барал, им објаснувал дека тато летал со авион, а на секое излегување од просторијата на една од негувателките, тој почнувал хистерично да вика и да плаче без солзи, до степен да ги исплаши сите во просторијата. Моментално сме на викенд кај баба ми и дедо му, а тој не сакаше ни да се поздрави со нив, а инаку многу ги сака. И не можеше ни да заспие, цело време само велеше дома, дома, дома, дома. Во глава ми одѕвонува зборот дома, не плаче кога го изговара, ама и покрај тоа што убаво му објаснувам, тој продолжува… А кога преку видеоповик разговараме со сопругот, детето одбегнува разговор со него.

Поради тоа што ни е во план сопругот да продолжи да работи на овој начин уште 1-2 години, ве молам за совет. Дали ова отсуство на таткото може да има долготрајни последици врз однесувањето и карактерот на детето?

Одговорот на прашањето прочитајте го на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот