X
 02.02.2015 Образование

МОН со предлог за иницијална средба со професорите и студентите на 10-ти февруари

По однос на предлогот на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, доставен до Министерството за образование и наука на ден 30.1.2015 година, со цел да се иницира расправа со наставниците, студентите и сите релевантни чинители во процесот на високото образование, заради сеопфатна, стручна и темелна анализа од која ќе произлезат предлози за реформи и подобрувања во високото образование, би сакале да Ве информираме за следното:

Имајќи во предвид дека предлогот од наша страна беше оценет како конструктивен и во насока на унапредување на високото образование во земјата, Министерството за образование и наука на ден 10.2.2015 година (вторник) предлага да се одржи иницијална средба на којашто би присуствувале соодветни претставници, делегирани од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" - Скопје.

Во зависност од одлуката на УКИМ за прифаќање на оваа иницијатива и согласно можностите на двете страни, локацијата и временскиот термин ќе бидат дополнително прецизирани, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование