X
 20.06.2019 Образование

Утре квалификациони тестови се полагаат во „Орце“ и во медицинските во Скопје и Струмица. Ова е списокот со слободни места во средните школи

Тоа значи дека во овие и во другите училишта каде веќе се пополнети квотите нема да се формираат дополнителни паралелки, соопшти МОН

Во три средни училишта во Македонија утре ќе се полагаат квалификациони тестови, поради бројот на пријавени ученици со висок успех – во скопската гимназија „Орце Николов“, во „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје и во „Димитар Влахов“ во Струмица, на насоките за медицински сестри на македонски наставен јазик. Резултатите од тестирањата и конечните ранг листи ќе бидат соопштени утре попладне, соопшти Министерството за образование и наука.

Квалификациони тестови и во „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје

Тоа значи дека во овие и во другите училишта каде веќе се пополнети квотите нема да се формираат дополнителни паралелки. Откако ќе бидат објавени конечните листи, учениците кои не се запишани ќе мора во рок од 48 часа да ја подигнат целокупната доставена документација. За нив второто пријавување и запишување ќе се врши во понеделник и вторник (24 и 25 јуни), а резултатите ќе бидат соопштени на 26 јуни, во среда.

Квотите се веќе пополнети во скопските гимназии „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ и во „Јосип Броз-Тито“ во Битола и таму уписите се завршени.

МОН информира дека слободни места за учебната 2019/2020 има за вкупно 35.690 ученици и тоа – 24.581 на македонски наставен јазик, 10.123 на албански, 952 на турски и 34 на српски наставен јазик. Од нив, 5.983 се во гимназии, а 17.275 во стручно образование.

Уписите завршија во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје

- За второто пријавување, училиштата можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско-правна и трговска струка и здравствена струка. Училиштата се должни да го истакнат утврдениот минимален број на поени 21 јуни за второто пријавување – велат од МОН.

Според моменталната ситуација, досега се пријавиле 16.676 ученици, а се запишале 11.826 ученици. Ова е официјалниот список со податоци од МОН.

Во првото пријавување вкупно се пријавија 16 676 ученици од кои:
- 11.636 ученици за настава на македонски наставен јазик,
- 4.707 ученици за настава на албански наставен јазик,
- 302 ученици за настава на турски наставен јазик и
- 31 повторувач.

По првото пријавување вкупно се запишаа 11 826 ученици од кои:
- 9.061 ученик за настава на македонски наставен јазик,
- 2.604 ученици за настава на албански наставен јазик,
- 130 ученици за настава на турски наставен јазик и
- 31 повторувач.

Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно:
- 4.464 ученици во гимназиско образование од кои:
- 3.415 ученици на македонски наставен јазик,
- 967 ученици на албански наставен јазик,
- 82 ученици на турски наставен јазик.

- 7.000 ученици во стручно образование од кои:
- 5.312 ученици на македонски наставен јазик,
- 1.609 ученици на албански наставен јазик,
- 48 ученици на турски наставен јазик и
- 31 повторувач.

-242 ученици во Спортска академија од кои:
- 231 ученик на македонски наставен јазик,
- 11 ученици на албански наставен јазик.

- 120 ученици во спортска гимназија од кои:
- 103 ученици на македонски наставен јазик,
- 17 ученици на албански наставен јазик.

Слободни места за второто пријавување има за вкупно 23.410 ученици од кои:
- 15.118 слободно место за настава на македонски наставен јазик,
- 7.416 слободни места за настава на албански наставен јазик,
- 788 слободни места за настава на турски наставен јазик,
- 34 слободни места на српски наставен јазик и
- 54 слободни места за повторувачи.

Слободни места по вид на образование за второ пријавување има:

во гимназиско образование 5.983 слободни места од кои:
- 3.428 за ученици на македонски наставен јазик,
- 2.189 за ученици на албански наставен јазик,
- 326 за ученици на турски наставен јазик,
- 34 за ученици на српски наставен јазик и
- 6 за повторувачи.

во стручно образование 17.275 слободни места од кои:
- 11.589 за ученици на македонски наставен јазик,
- 5.176 за ученици на албански наставен јазик,
- 462 за ученици на турски наставен јазик и
- 48 за повторувачи.

Список на училишта и насоки каде е ЗАВРШЕН конкурсот.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во:
- СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ – Битола;
- СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ – Град Скопје,
- СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Град Скопје
- СУГС „Георги Димитров“ – Град Скопје.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за здравствена струка во:
- ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола, за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ„Наце Буѓони“ – Куманово за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик;
- СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп за образовниот профил: медицинска сестра, фармацевтски техничар и гинеколошко-акушерска сестра во паралелките на македонски наставен јазик;
- СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје, медицинска сестра на албански наставен јазик, забен техничар на македонски и албански наставен јазик, фармацевтски техничар на македонски и албански наставен јазик, медицински лабораториски техничар на македонски наставен јазик и физиотерапевтски техничар на македонски јазик;
- СУГС „Марија Склодовска-Кири“ – Град Скопје медицински лабораториски техничар на албански наставен јазик;
- СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик;
- СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица, за образовните профили фармацевтски техничар и физиотерапевтски техничар во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОМУ „Никола Штејн“ – Тетово, за образовниот профил болничар-негувател на албански наставен јазик;
- СОУ „Јане Сандански“ – Штип, за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за економско-правна и трговска струка во:
- СУГС „Цветан Димов“ – Скопје, за образовниот профил продавач- референт за продажни услуги во паралелките на албански наставен јазик;

Конкурсот за запишување ученици е завршен за угостителско- туристичка струка во:
- СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип, за образовните профили келнер-готвач во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ „Коле Неделковски“ - Велес за образовните профили келнер-готвач во паралелките на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за лични услуги во:
- СУГС „Димитар Влахов“ – Скопје, за образовниот профил фризер во паралелките на албански наставен јазик;
- СОМУ „Никола Штејн“ – Тетово, за образовниот профил техничар за козметичка нега и убавина во паралелките на албански наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за електротехничка струка во:
- СОУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ „Ѓошо Викентиев“ – Кочани за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ „Никола Карев“ – Струмица за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип, за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;
- СОУ „Илинден“ – Илинден за цела електротехничка струка.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за машинска струка во:
- СОУ „Никола Карев“ – Струмица за образовниот профил машински техничар за моторни возила во паралелките на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за хемиско-технолошка струка во:
- СУГС „Марија Склодовска Кири“ – Град Скопје техничар за заштита на животната средина и прехранбен техничар на албански наставен јазик.
Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование