X
 06.03.2015 Настани

Ајде да виолетуваме и да го одбележиме меѓународниот ден на жената!

Кога: НА 7-МИ Март, Сабота во Филозофскиот Факултет со почеток од 11:30 часот.




Првото македонско здружение на студенти по психологија "ПСИХЕСКО" од Скопје, по повод Денот на жената 8-ми Март, организира еднодневен настан на кој ќе бидат обработени важни теми од неколку области кои се поврзуваат со жената на повеќе начини.

Исполнет со предавања, работилници, документарен филм и многу дискусии, овој 8-ми Март прославете го на поинаков начин од вообичаено. Да направиме Денот на жената да биде нешто повеќе од еднодневно славење на жените преку купување на подароци, нека биде овој ден поттик да разговараме за сите важни нешта кои се однесуваат на жената и сите предизвици со кои таа се соочува.

Зошто виолетова боја?
• Виолетовата е симбол на праведност и достоинство
• Таа е бојата на симболите за родова рамноправност (комбинација од црвената боја - асоцијација на жена и сината - асоцијација на мажот)

До виолетуваме заедно со тоа што СИТЕ ќе носиме по нешто виолетово (парче облека или моден детаљ).

Во продолжение проследете ја агендата за настанот:

АГЕНДА

- 11:30 - 12:00 Регистрација на учесниците и отварање на настанот
- 12:00 - 13:30 Предавање на тема „Родова (не)рамноправност“ на проф. д-р. Владимир Давчев
- 13:30 - 14:30 Предавање на тема „Родовото лице на задоволството “ на проф. д-р. Николина Кениг
- 14:30 - 15:00 Пауза за ручек (коктел)
- 15:00 - 16:00 Предавање на тема „Жените и хуморот“ на проф. д-р. Румена Бужаровска
- 16:00 - 17:00 Работилница на тема „Емоционалната интелигенција на жената“ водена од Ивана Станковска -лиценциран психолог, м-р по клиничка психологија и семеен советник
- 17:00 - 18:00 Проекција на документарен филм „It’s a girl“ со дискусија

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани