X
 02.04.2015 Живот

Денес и утре сонце, за викенд повторно дестабилизација на времето



Четврток ќе го започнеме со малку пониски температури во споредба со они кои што ги имавме последните денови. Утринските температури ќе се движат од -2 до 6 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и западен ветер.

Максималните температури ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.

Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 14 степени.

Во петок утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, над 800 метри со врнежи од снег. Попладне врнежите ќе престануваат и постепено разведрување. Утринскитете ќе се движат од -1 до 7 степени, а дневните од 6 до 15 степени.

Во сабота претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне зголемување на облачноста. Минималните температури од -3 до 4 степени, а максималните ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.

Во недела дестабилизација, ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Не се очекуваат поинтензивни врнежи. Утринските температури од 1 до 8 степени, а дневните ќе се движат во интервал од 7 до 16.

Нестабилно ќе биде и во понеделник. Минимални температури од 2 до 9 степени, а дневните од 5 до 14 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот