X
 07.03.2017 Живот

Времето во Македонија во наредните 5 дена

Денес е вторник, 7 март 2017 година, 66-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:54, а ќе зајде во 17:34 часот. Денот ќе трае 11 часа и 38 минути.

Ова утро во Македонија имаме претежно облачно, ветровито и топло утро, иако кога се во прашање утринските температури имаме доста шаренолика ситуација.

МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот не очекува претежно облачно време со слаби врнежи од дожд, ветровито и посвежо време. Врнежите претежно ќе бидат застапени во северозападните, западните и југозападните предели, а на планините над 1500 метри се очекуваат слаби врнежи од снег. Ќе дува доумерен засилен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат во интервал од -1 до 8 степени, додека пак максималните дневни од 5 до 15 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претежно облачно, ветровито и посвежо време, а во попладневните и вечерните часови со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 13.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Под влијание на медитерански циклон Македонија ќе биде и во среда и четврток кога се очекуваат а продолжат врнежите од дожд, а над 1500 метри со слаби врнежи од снег. Во среда поинтензивни врнежи се очекуваат во југозападните, јужните и југоисточните предели, локално и над 30 литри. Максималните температури од 5 до 15 степени. Во четврток облачно со сосема слаби врнежи од дожд но посвежо и ветровито време, ќе дува засилен североисточен и северозападен ветер. Дневните температури од 3 до 13 степени. Во петок и сабота стабилизација на времето и посвежо утро со утрински температури од -3 до 5 степени, во текот на денот во петок умерено облачно со сончеви периоди и температури од 4 до 14 степени, додека пак во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и максимални 5 односно 15 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот