X
 12.04.2015 Култура

На торент сајтовите се појавија првите 4 епизоди од Game of Thrones

Се случи и тоа што не би требало да се случи. На ден пред премиерната епизода од 5-та сезона на серијата „Game of Thrones“ 4 епизоди се појавија на торент сајтовите. И ова се случува пред официјалната премиера која што е закажана за вечерва на HBO во 21:00 часот по локално време во САД (+6 часа кај нас).



Вистинските фанови на овој култен серијал за сега е подобро да се исклучат од интернет во наредните 30 дена за ги избегнат спојлерите.

Објавените копии се со доста добар квалитет од 480p, слично на претходно објавуваните скринери на оскаровските филмови.Game of Thrones е една од најпопуларните серии која е симнувана илегално од торент сајтовите.

„Протекувањето“ е точно она од што Грег Спенс (од продуцентскиот тим) се плашел, со оглед на тоа колку фанови низ светот ја очекуваат сезона 5.

„Game of Thrones“ беше цел на слично протекување кога во јануари некој објави тизер сниман со мобилен телефон, што подоцна се покажа дека е вистинскиот што го објавија и НВО. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура