X
 30.03.2019 Култура

Најважните епизоди од „Игра на троновите“ што треба да ги гледате уште еднаш

Уште две недели нè делат од премиерата на осмата сезона на „Игра на троновите“ што е закажана за 14 април. Така, имате време уште еднаш да ги погледнете сите седум сезони на крвопролевање, интриги, очај, мечеви, зомби, змејови... Доколку немате време да го направите тоа, поткастот на „Ванити фер“ наречен „Стил вачинг“ ви предлага 15. епизоди што дефинитивно треба да ги погледнете уште еднаш.

Водителите Ричард Лосон и Џоана Робинсон имаат снимено мини-анализа од приказната, како и интервју со актер, режисер, сценарист кој дава интересни детали зад сцената што откриваат како била создадена епизодата.

Водителите на „Стил вачинг“ ги одбројуваат епизодите во хронолошки редослед, започнувајќи со прва сезона, прва епизода „Winter is coming“ сè до седма сезона, пред да го објават нивниот избор за последната и најважна епизода од „Игра на троновите“. Моментално се стигнати до четвртата сезона, а тука можете да ја пронајдете секоја епизода што ја направиле.

1. Прва сезона, прва епизода: „Winter is coming“, со актерката Есме Бианко



2. Прва сезона, деветта епизода: „Baelor“ со актерот Милтос Јеролемоу



3. Втора сезона, деветта епизода: „Blackwater“, со режисерот Нил Маршал



4. Tрета сезона, петта епизода: „Kissed by Fire“, со сценаристот/извршен продуцент Брајан Когман


5. Трета сезона, седма епизода: „The Bear and The Maiden Fair“ со актерот Џои Демпси



6. Трета сезона, деветта епизода: „The Rains of Castamere“, со режисерот Дејвид Натер



7. Четврта сезона, прва епизода: „Two Swords“, со тренерот за мечување Томи Дун



8. Четврта сезона, осма епизода: „The Mountain and The Viper“, со продукцискиот дизајнер Дебора Рајли

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура