X
 24.07.2017 Живот

Внимавајте: Ејч-би-о ве следи кога ја преземате „Игра на троновите“ преку торент

tronovi
Фото: Promo

Ејч-би-о дава сè од себе за неовластеното преземање на серијата „Игра на троновите“ да го сведе на минимум. Компанијата сега следи неколку популарни торенти од кои луѓето најчесто ја преземаат серијата, па немојте да се изненадите ако ви стигне известување од оваа продукциска куќа.

Во понеделникот беше премиерно прикажана првата епизода од седмата сезона на „Игра на троновите“. Веднаш по завршувањето интернетот беше преплавен со торенти од каде што можеше да се преземе. Секако, ова не помина незабележано од Ејч-би-о.

„IP Echelon“, компанијата која соработува со оваа куќа, испрати илјадници предупредувања до корисниците до кои дојде благодарение на IP-адресите.

„Имаме информација дека од IP-адресата xx.xxx.xxx.xx неовластено е преземена или споделена серијата ’Игра на троновите‘. Ејч-би-о поседува ексклузивни права на ’Игра на троновите‘ и секое дистрибуирање се смета за повреда на авторските права. Преземањето неовластена или непозната содржина е исто така сигурносен ризик за вашите уреди и мрежи“.

Иако тужбите против фановите на серијата веројатно не се на врвот на листата со приоритети на Ејч-би-о, известувањето ќе ги натера фановите да размислат пред да ја преземат серијата.

Затоа, имајте на ум дека секое неовластено преземање на серијата се смета за повреда на авторските права. Во продолжение се некои од следените торенти од страна на Ејч-би-о:

Game.of.Thrones.S07E01.720p.WEB.h264-TBS[eztv].mkv
Game.of.Thrones.S07E01.HDTV.x264-SVA[rarbg]
Game.of.Thrones.S07E01.WEB.h264-TBS[ettv]
Game.of.Thrones.S07E01.HDTV.x264-SVA[eztv].mkv
Game.of.Thrones.S07E01.720p.HDTV.x264-AVS[eztv].mkv
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот